|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вонтелесно оплодување (ИВФ)

Здружение Бета, 4.5.2010
Отако ќе се воспостави дека вонтелесното забременување е единствен начин да забремените, треба да почнете да ја планирате постапката на потпомогнато оплодување ИВФ (in vitro fertilitas).

image
/11


Постапката се состои од следните фази:


Хормонска терапија


Врз основа на резултатите добиени од дијагностиката и базалните вредности на хормоните на хипофизата ( 2 - 4 ден од циклусот - FSH, LH, PRL) ќе се одреди протоколот на стимулација, кој во вашиот случај ќе даде оптимални резултати. Под стимулација се подразбира стимулирање на растењето на фоликулите, односно стимулирање на јајниците да произведат повеќе јајце клетки, со оглед на тоа дека во природниот циклус произведуваат само една.


Следење како растат фоликулите


Почнувајќи од 8 ден од циклусот, со вагинален ултразвук се следи растењето,односно созревањето на фоликулите. Таа постапка се нарекува фоликулометрија. Обично, растењето на фоликулите се следи со ултразвук секој втор ден, додека фоликулите не созреат.

 

Пункција на фоликулите и изолација на јаце клетки


По растењето и созревањето на фоликулите, со трансвагинална пункција се аспирира фоликуларна течност во која се наоѓаат јајце клетки. Во лабораторијата за вонтелесно оплодување содржината од фоликулата се пребарува под микроскоп и се издвојуваат јајце клетки.


Оплодување 


На денот на пункцијата, партнерот дава семе кое се обработува и подготвува за постапката за вонтелесно оплодување. Резултатите можат да се дознаат за околу 20 часа, кога микроскопски се утврдува дали дошло до оплодување во лабораториски услови.


Ембриотрансфер  


Вториот до петтиот ден од пункцијата, зависно од бројот и квалитетот на ембрионите, се прави ембриотрансфер на еден или повеќе ембриони. Колку од ембрионите ќе се вратат во матката зависи од нивниот квалитет, од бројот на претходните обиди и од здравјето на пациентот. Најчесто се враќаат два ембриона, а законот во поголем број од земјите дозволува најмногу три.

 

Вадење Бета ХЦГ хормон

 

14. дена по ембриотрансферот жената може да провери дали дошло до имплантација на ембрионите, односно дали е бремена. Вредностите над 5.0 укажуваат на присуство на хумано корионски гонадотропин, чија најважна функција е поддршка на жолтото тело во јајниците кое во првите седум до девет недели од бременоста лачи прогестерон, хормон кој уште се нарекува и чувар на бременоста.

 

Во време на очекувана менструација вредностите на Бета ХЦГ во крвта достигнуваат 100 IU/L, а се удвојуваат во просек секои два дена до седмата недела од бременоста, кога достигнуваат околу 100.000 IU/L. Следење на вредностите на Бета ХЦГ е многу важна дијагностичка метода во оценување на вијабилноста на плодот, дијагностицирање на вонтелесна бременост и др.

 

 

http://www.beta.hr/

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

За оние кои ги чекаме...
Вистински приказни
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2
Македонска мобилна апликација-Caffetin Men...
Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?