|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

“Волшепствата на бременоста”

Jelica Greganovic, 26.10.2015
Фејсбук статусот на оваа млада мајка ќе ве насмее до солзи
Клучни зборови:

image
/11


 

Вчера утрото другарка ми ми го донесе да го чувам Марин. Бебето, како што е ред во ова доба на годината, облечено како мече, под двете  капчиња и капуљачата ѕирка носето како дугме. Спие Марин како бубалка. Само зајачки мрдаат цуцлата и носето. Го гледам Марин, вистинска реклама за подигнување на наталитетот и мирниот сон...а мене ми паѓа на памет само колку години не спиевме заради таквите наши Марини...спиењето беше привилегија и не беше поврзано со природните потреби. Спие Марин, а јас се прашувам “Што ли прави ноќе, кога сега спие толку мирно?”

Ова е пост за сите родители, соборци, за братството без сон...Ова е кратка борба против чипот за заборавање, кој ни го вградила мајката природа, бидејќи ако се сеќаваме на се' што сме преживеале со децата....наталитетот уште подрастично би опаѓал.

Фантастично! – Волшепствата на бременоста: Баш тогаш најмногу ми се спиеше на стомак, на оној ист стомак на кој комотно можеше да се послужи ручек за 4 лица...не можев да ги дофатам врвките, ми ги соблекуваа чевлите и ме тркалаа наоколу...спиев секаде каде што ќе ставев глава, а се облекував во двособни шатори од одделот за кампување во продавниците за спортска опрема.

Тогаш породувањето...војска соборци во точкести, државни спавачи на преклоп...со болнички печат од мастило на градите (за некој да не ја украде таа драгоцена креација случајно, како спомен на прекрасно поминатото време во ценетата институција)...е тоа нема да го опишуваме, бидејќи тука апсолутно ја почитувам потсвесната наредба: Заборави!...Заборавив.

Е тогаш ќе го донесете бебето дома....во болницата сето тоа оди некако поинаку, но дома почнува вистинската приказна. Посебно ако тоа е прво бебе. За да возиш автомобил мораш да полагаш испит, за да ти дадат човек во раце и да го одгледуваш, не ти треба ништо – нема теорија, само пракса.

Ми ставија така бебе во креветче (перничиња, кебенце со слончиња, карнери и плишана играчка, за штотуку роденото бебе да си поигра), се прегрнаа и заљубено гледаме во наследникот.

Кога ги отвори очите, па кога заурла како пожарникарска сирена, се вцрви како цвекло...романтиката пукна како балон од сапуница...Ауууу...Гладен? Жеден? Се измочка? Се искака? Досадно му е? Бебето урла, наслов нема, а ти снајди се...Тука некаде почнува периодот на неспиење. Се шетавме како авети низ куќа, бев способна да спијам стоејќи, било каде, било кога. Грчеви, чаеви, запчиња растат, растат како ајкула да сме направиле, а не човек, крај нема... И така три бебиња, едно по друго, живеевме како лилјаци, а веројатно и така изгледавме.

Се сеќавате ли на бањањето на бебето? Е тоа е спектакл...Најстрашните појави на Балканот се промаја, мраз, настинка, кои историски докажано предизвикале најголеми погроми во овој дел од светот. Следствено на тоа, бањањето на бебето, односно соблекувањето и бањањето, се повеќе од ризични потфати.

Ние бебето го бањавме во соба со температура од 67 степени, како во шведска сауна...грга пот од нас, се' ни игра пред очите, се судираме со крпите, ја мериме по дваесетти пат температурата во кадичката...ако додадеме уште малку топла вода и додадеме зеленчук, супа може да се направи, комотно. Бањањето се состои од црпење и турање вода на бебето...да не влезе шампон во очи, бебето многу да не е излезено од водата...а потоа, со драматична најава, мажот ја шири крпата и напнато чека...Јас, со олимписка вештина го кревам бебето од вода и со најкраток можен потез го ставам во крпата...цца 0,23 секунди.

Слична појава се облекувањата за прошетка – есен, зима. Ако се облечеш прво себеси, ќе се свариш...ако го облечеш бебето, тоа се динста додека ти се облекуваш. Ако се облечат три мали деца и ние двајца – ни се заканува развод. Кога само ќе се сетам на оние малечки чевлиња, не можеш во рака да ги фатиш, а камоли врвците да им ги врзеш, а детето мрда ли мрда. Ракавиците, оние малите, ај да те видам стави ја раката од детето внатре, без потешки повреди...а кога ќе ти успее, за неколку минути и раката и ракавицата мокри, во устата на веселото бебе.

Сите други бебиња имаа чевлиња на нозете, оние убави, плави, розеви, со панделки, како да се играчки, само мојот син постојано ги џвакаше...прво заедно со ногата, а потоа од ногата виси чорап, а тој ја ставил чевлата во уста...период на полжави.

После тоа стигнува времето на мобилност. Е дури тогаш почнува забавата. Пет години кафе не сум се напила, нити сум јадела како човек.Таман што ќе го кренев филџанот си го истурав во врат, бидејќи некој од потомците баш тогаш се доведуваше до смртна опасност...паѓање од  кревет, пентерење по саксии, празнење фиоки, превртување вазни и други вештини. Тогаш живеевме  на висока нога, се' ни стоеше  на барем два метри над подот.

Во нашиот кревет гужва...во средината на ноќта таман ќе заспиеш и ќе ти падне концентрацијата, екипата почнува да се движи накај тебе. Наутро креветот полн како око, тие спијаат како ангели, ние со ноктите се држиме за рабовите од креветот, а подочниците ни се до подот.

Подоцна доаѓа времето на играчки и цела куќа се претвора во полигон. Дали некогаш во темница сте застанале на лего коцка?Каква јапонска казна? Тоа се вика болка! Башка тоа што не смееш да писнеш, бидејќи тие конечно спијат. Во фотелјите автомобилчиња, во купатилото канти, пајчиња и лопати, монструми, нивната опрема, куклите и нивниот мираз се секаде наоколу. Секое одење на пат е рамно на големата преселба на народите. Какви стари Словени, тие имале битно помалку работи од нас. Одењето на море е како емиграција, се носи се', се' е неопходно. Чевли како за стоногалки, крокодили, чамци, кантички, ајкули, се што имаме дома за надувување...компромис нема – се им треба.

Повеќе одевме на зимување во тој период. Сега пораснаа, сега трчаат насекаде, фати ги ако можеш. Сега помислувам и дека не беше така лошо кога се молкнеа по земја и го џвакаа тепихот. Ќерка ми тогаш ја изгриза масата во дневната соба и се уште има траги од малечки заби. Ни е жал да ја менуваме. А сега не можеш да се нателефонираш, не можеш да ги преброиш, само трчаат.

Ако овој пост го прочита некој кој нема деца, го молам веднаш да го заборави со цел продолжување на човечкиот род.  Не е баш се така. Се шегував...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
6
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Млади таленти: 5-годишен тапанар од Гевгелија
Повеќето родители не би ви се заблагодариле доколку на нивното дете му подарите комплет тапани. Малите деца создаваа...
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?