|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Палешка РР

image
/11


 

 

Постои ли граница меѓу вистината и лагата? Може ли да се стави меѓу нив црта тенка? Фрла ли едната врз другата невидлива сенка? Или се прелеваат една во друга, напати вистината, напати лагата е слуга? По кој пат  да се оди, низ светот суров, лажен, зборлив? Како до вистината да се втаса, кога лагата како споулавена бодина, вјаса?

Решиш ли вистината да ја збориш, ќе се умориш од животот полн со лаги и самиот лага ќе изговориш. Ако се одлучиш животот низ лага да го минеш, преку неа да се искачуваш и бродиш, ќе се заплеткаш во сопствените интриги и во лага ќе загинеш. Во вистината тогаш спасот ќе го бараш, но вистинските пријатели дамна веќе ти ги нема... на лажните им отстапиле место. Се случува често никој веќе сериозно да не те сфаќа, на вистината со лага да ти возвраќа, искрената насмевка иронична да му се стори, да не ти верува кога вистината ја збориш...

Многупати низ животот сум била на крстопат -  дал' да ја премолчам вистината која повредува и боли, ил' да ја кажам во лице на пријателот кој во заблуда гори?  И во двата случаи постои можност да го изгубам, заради молчење ил' изговарање на вистината тешка. Ќе направам ли грешка ако кажам невина лага, бела лага која мир носи, ил' да изговорам сурова вистина која со немир душата ја полни?

Дали да се каже вистината на пријателот кој болест неизлечива го тресе, или  во лице сурово да му се тресне дека му остануваат уште “Н” денови живот? Дали на изневерената жена да и се каже дека сопругот и' со друга ноќите ги мине, дали да се предочи вистината па нека ја уништи, скине?

Да се остави ли болниот последните денови во радост да ги мине и нечујно, без најава, смртта да го посети и тивко да замине?  Да умре незнаејќи дека умира, или да живее знаејќи дека крајот е близу?

Дали на вљубената жена да и се скрши сонот, да и се каже дека љубениот во туѓа прегратка се топи, или да се остави во незнаење за вистината тешка? Лага ли е тајно, а вистински да се љуби, или подобро е да се каже вистината за љубовта лажна? Што повеќе боли?

Да се каже ли на болниот, кој на смртна постела лежи, дека неговата драга дамна веќе нова љубов нашла, или да се остави со вознес и милост спрема неа, кон светлоста јака да повјаса?

Одлуката на тој што вистината ја знае е тешка...

Да се каже ли на сопругата  дека дамна во неа згаснала младоста или да се прегрне и тивко да и се шепне дека до крајот на векот ќе биде најубавата жена на светот? Да и се приушти  ли радоста и лицето да и блесне, па младоста повторно да се роди, да воскресне...?

Така би рекла јас!

 

Многупати низ животот сум премолчила вистина која повредува и боли, многупати сум утешила пријател со бела лага, многупати сум давала надеж лажна, дека нема да не стигне судбата тажна, дека ќе биде добро, дека излез има...иако така не е...

Се прашувам, дали зборовите кои избавуваат и тешат, зборовите кои можат да лечат, раката спуштена по главата на болниот, милувањето на неговата коса...лагата која се тркала по јазикот, белата лага која дава мир, сон кој вида и лекува – може да се стави во ист кош со лагата дрска, тешка и мрска?

Поголема вина има оној чија лага лекува и теши, или оној кој лагата ја мисли, премислува  и со неа како со оружје се служи?

Да се стави ли на столбот на срамот оној кој дрско лаже, оној кој ноќите ги мине смислувајќи сопствено спасение преку измама страшна, да се фрли ли сам во казамат темен, или во негово друштво да се стави и оној кој со лага утешил и спречил тага?

Така не би рекла јас!

 

Лагата која ќе те искачи на повисоко скалило,  преку која ќе добиеш поголема моќ, лагата заради која ќе го изгубиш пријателот верен, е најстрашна од сите можни вистини и лаги. Местото до кое ќе стигнеш е кршливо, лажно! Од таа висина паѓањето е страшно, секавично и главечки. После падот, откако едвај своите делови ќе ги збереш, откако ќе се опорав иш и душа ќе собереш, не им се обраќај на оние преку чии грбови до врвот стигна. Не ги барај оние чии глави ги скина, чија гордост ја столчи, подобро молчи и трај... Затвори се и чекај  да го слушнеш гласот на својата совест. Таа најдобро знае како требаше и каде згреши...Не очекувај пријателот, кој го понижи и згази да те теши, да ја спушти раката по твојата глава, да ти ја помилува косата и да рече дека се е добро, дека излез од тунелот темен има......

Тој за тебе ниту со прст нема да мрдне.

 

Вистината, кога тогаш, ќе излезе на виделина недопрена и чиста, ќе доплива во вода бистра, низ џбуновите густи патот ќе го најде, блескава и сјајна ќе се исправи со гордост иста.

Ти само чекај и трај...

 

Така би рекла јас!

 

 

Ваша Палешка РР

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?