|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Секоја температура покачена над нормалната, значи над 37.5 ја сметаме за покачена температура, но не значи дека на таа температура веднаш треба да се даваат лекови кои ја снижуваат температурата.

image
/11


Др. Митка Тренчева - спец. педијатар

 

Доколку повисоката температура трае повеќе од три дена, пропратена е и со други симптоми, родителите треба да се јават на доктор. Исто така температурата може да се снижи и со алтернативни средства, туширање, масирање со алкохол, разладување со помалку облека, се со цел телото да испарува, а со тоа се намалува и температурата на телото.

Обично благите температури кои не се повисоки од 38.5, кои можеби и сами ќе се симнат, не треба да ги плашат родителите. Затоа кога детето има поблага температура не мора да се оди на доктор првиот, вториот ден. Додека повисоките температури кои се пропратени и со треска, температрурата не можат да ја симнат дури и со лекови за таа намена, треба да се јават на доктор. Сепак ако се работи за блага температура, а има и други симптоми како болки во ушите, главоболки кај синусите, ако има отежнато или компромитирано дишење, тогаш не треба да се чека и веднаш треба да се оди на доктор.

Средствата што се даваат за снижување на температурата најфизиолошки е да се примаат преку уста. Меѓутоа има случаи кога децата се раздразливи и повраќаат, па поради тоа се даваат чепчиња за симнување на високата температура. Нивното дозирање е пропишано и во самите лекови, најчесто меѓу 6 и 8 часови, но често пати родителите кажуваат дека и покрај давањето на лекот децата по кратко време качуваат температура, па се дава на помал временски интервал. А можеби и инфекцијата е појака или не е дадена доволната доза. Инаку дозирањето се одредува според телесната тежина и возраста на пациентот, односно детето.

Кога се зборува за грчевите, тие изгледаат страшно за родителите, а понекогаш и за самите доктори. Се среќаваат еден до два проценти во детската популација на возраст од 6 месеци до 5 години. Најчесто се појавуваат при многу висока температура, но кај некои деца можат да се јават и со помала температура. Доаѓа до грчеви, тресење на телото, најчесто и губење на свеста и во таква ситуација родителот треба да му помогне на своето дете така што ќе го постави на страна, за да дојде до нормално дишење, обично грчевите траат кратко, по неколку секунди. Некогаш и сами поминуваат, но сепак детето треба да се однесе на доктор за да се открие дали грчевите се фебрилни конвулзии, како резултат на високата температура или понекогаш, многу ретко, се вовед во друга болест.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
5
Веселите дедомразовци стигнуваат на време
На наша радост, овој пат акцијата ќе се спроведува уште во два града Штип и Струга...
4
Витаминска бомба за јакнење на имунитетот!
Јак имунитет – тоа е отпорност на организмот на различни болести, а со самото тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки...
4
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?