|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вежби за правилен изговор на гласовите

Редакција Рингераја, 15.4.2015
Нашата способност за говор често ја земаме здраво за готово, но кога ќе добиеме дете за прв пат стануваме свесни за текот на целиот процес. Штом бебето почне да гуга и да ги испушта првите звуци, сите ќе се соберат за да видат дали бебето ќе прозбори

image
Правилен изговор на гласовите
/11


 

 

Кај повеќето деца говорот се развива спонтано и природно, но има и деца на кои тоа им оди тешко и имаат потешкотии да ја совладаат оваа вештина.  

На родителите најважен им е напредокот на детето и психофизичкиот развој, развојот на говор и моторичките способности. Факт е дека има се повеќе деца со отстапување во изговорот на гласовите. Пореметувањето во изговорот на гласовите се нарекува дислалија. Советите од логопед можат да ви помогнат во решавање на проблемот. Потребно е со детето да се прават вежби за логомоторика, секој ден по 5 минути, а целта е да се јакнат мускулите на говорните органи. Напоменуваме дека овие вежби не се замена за одење на логопед, туку само дополнување на активностите и дома.

 

Вежбање со помош на храна

Џвакањето на цврста храна е исклучително важно. Освен редовните оброци обидете се и со други производи: суво овошје, кифли, сирење, мастики, суво грозје, пуканки, соленки.

 

Вежби со дување

Овие вежби им се најинтересни на децата, бидејќи се состојат од игра и се забавни. За активностите на дување користете балони, свирчиња, труби и останати дувачки инструменти. Правете балони од сапуница. Направете натпревар во дување со детето, така што на парче стиропор ќе ставите хартија или лесни топчиња, за да видите кој посилно дува.

 

Изразување на емоции

Имитирајте различни емоции и барајте од детето да покаже како изгледа кога е:

  • Луто (намрштено лице, насобрано чело, а ако е многу луто – развлечени усни, стиснати заби)
  • Среќно (различни насмевки – со затворена уста – блага насмевка, со отворена уста – да се видат и забите, многу среќно – со широко отворена уста)
  • Исплашено (уста како буквата О и широко отворени очи)
  • Тажно (устата накривена надолу, лицето намрштено)

 

Гимнастика на јазикот

Користете огледало и покажете му на детето задача со јасни инструкции и барајте од него да ја повторува:

  • Исплази го јазикот надолу кон брадата
  • Исплази го јазикот нагоре кон носот
  • Замотај го јазикот како палачинка, кон внатре
  • Замотај го јазикот нагоре, над горните заби
  • Туркај ги образите со јазикот, едниот па другиот
  • Стави го јазикот меѓу горните заби и усните и туркај ја горната усна
  • Стави го јазикот меѓу долните заби и усните и туркај ја долната усна
  • Устата нека биде отворена и мрдај го јазикот лево-десно, од едниот до другиот раб на усните.
  • Устата нека биде затворена и мрдај го јазикот лево-десно, од едниот до другиот раб на усните
  • Оближувај ги усните во круг, во еден па во друг правец
  • Коњче – удар на јазикот во тврдо небце
  • Дуење на едниот па на другиот образ
  • Вовлечи ги образите навнатре како да си многу слаб
  • Развлечи ги усните за насмевка
  • Напрчи ги усните за бакнеж
  • Со горните заби грицкај ја долната усна
  • Со долните заби грицкај ја горната усна
  • И за крај едно големо прозевање со нагло испуштање на воздухот

 

Организирајте ги вежбите така што ќе му бидат интересни на детето. Не разговарајте со него на бебешки јазик, колку и да е мало, туку зборувајте јасно и разбирливо. Секогаш слушајте како вашето дете изговара глас кој е корегиран и опоменувајте го ако изговори погрешно, а исто така пофалете го секој пат кога ќе изговори точно.

Потребно е да се нагласи дека ако не се обрне внимание на проблемот и ако детето не се вклучи навреме во терапија, подоцна тоа може да се одрази на способноста на усвојување и совладување на вештината за читање и пишување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Што треба да јадат немирните деца?
Истражувањата потврдија поврзаност на лошата исхрана со пореметувања во однесувањето, дури и со помал коефициент на инте...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?