Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Неправилниот изговор на гласовите, поточно дислалија, се одразува негативно на воспитувањето на детето, предизвикува негативни особини и лоши навики, бидејќи детето често ќе биде предмет на исмевање. Овој недостаток често се пренесува и на читањето и пишувањето, објаснува логопед.
Препознајте неправилност
Можете да се посомневате дека Вашето дете има неправилен изговор на гласовите или дислалија ако: не изговара некои гласови, заменува неразвиен глас со глас кој веќе го изговара (наместо Р изговара Ј ), гласот се препознава, но со намален квалитет (дисторзија). Најчести типови на дисторзијасе различните врсти на шушкање, меѓу кои најчест е меѓузабниот сигматизам. Пореметувањата во траењето на гласовите исто така спаѓаат во видови на дисторзија.
Прегледи
Пред да се пристапи кон корекција на гласовите, неопходно е да се извршат дредени тестови кои ќе ја покажат причината, видот и степенот на отстапувањето во артикулациијата на гласовите и прецизноста на движењето на органите кои учествуваат во артикулацијата на гласовите. Исто така многу е важно со прегледот да се направи увид во структурата на артикулацииониот орган, потоа да се провери слухот и да се утврди аудитивната состојба. Прегледот, дијагностиката и тестирањето на Вашето дете го прави логопед. Откако ќе се утврди видот и степенот на пореметување на говорот, се започнува со логопедска работа на негова корекција.
Не изговара правилно С, З, Ц
Карактеристично за овие гласови е што се забни, што значи дека забите најчесто учествуваат во нивното формирање. При нивниот изговор усните се развлечени во насмевка, врвот на јазикот е зад долните заби. Ако детето има дефекти на забите, вилиците и непцата, потребна е интервенција на стоматолог. Ако сето е во ред, се пристапува кон учење на изговор на тие гласови.
Вежбите кои родителот ги вежба дома се зборови или реченици во кои е застапен гласот кој се вежба. Во почетокот тоа се комбинации на вокалот СА, СО, СЕ, СИ, СУ, а потоа се вежбаат зборови кои ги содржат овие комбинации.
Не изговара правилно Л
Проблем: Ако на пример детето изговара УК наместо ЛУК, ако неговиот изговор има некаков призвук или ја менува буквата Л со друг глас (на пр. јав наместо лав, вамба наместо ламба, уето наместо лето.
Физички причини: Причини за неправилен изговор на гласот Л може да бидат многу кратка подјазична ресичка која пречи во подигнувањето на предниот дел од јазикот, расцеп на небцата, слабо развиена моторика на говорните органи недоволно развиен фонемски слух, лоша говорна навика, која не знае само да ја корегира.
Ако Вашето дете неубаво го изговара гласот Л, можете за почеток постапно да започнете со изговор на гласовите ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, па кога детето ќе ги совлада да ги воведете зборовите липа, ламба, Лиле, лед...
Не изговара правилно Р
Гласот Р спаѓа во најсложените гласови во нашиот јазик. Тоа го објаснува фактот што кај децата најдоцна се појавува во говорот и дека многу од нив го изговараат тешко и неправилно.
Малите деца најчесто го заменуваат овој глас со друг, па така наместо Р изговараат Л, па наместо рака добиваме лака, наместо риба добиваме јиба, рамо добиваме уамо.
Како и во претходните случаи и кај гласот Р постојат низа зборови и реченици со кои може да се исправи изговорот. Со детето дома може да вежбате ТР, ДР, а кога тоа детето ќе го усвои преминувате на МР, БР или зборовите како три, дрво, мрена, дренки, бран...
Освен зборовите постојат и низа вежби кои се работат со логопед и со кои може говорот да се исправи.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?