|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вежби за правилен изговор на гласовите

Редакција Рингераја, 28.5.2013
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме логопед, бидејќи проблемот со говорот е во директна врска со моториката

image
/11


 

 

Неправилниот изговор на гласовите, поточно дислалија, се одразува негативно на воспитувањето на детето, предизвикува негативни особини и лоши навики, бидејќи детето често ќе биде предмет на исмевање. Овој недостаток често се пренесува  и на читањето и пишувањето, објаснува логопед.

 

Препознајте неправилност

Можете да се посомневате дека Вашето дете има неправилен изговор на гласовите или дислалија ако: не изговара некои гласови, заменува неразвиен глас  со глас кој веќе го изговара (наместо Р изговара Ј ), гласот се препознава, но со намален квалитет (дисторзија). Најчести типови на дисторзијасе различните врсти на шушкање, меѓу кои најчест е меѓузабниот сигматизам. Пореметувањата во траењето на гласовите исто така спаѓаат во видови на дисторзија.

 

Прегледи

Пред да се пристапи кон корекција на гласовите, неопходно е да се извршат дредени тестови кои ќе ја покажат причината, видот и степенот на отстапувањето во артикулациијата  на гласовите и прецизноста на движењето на органите кои  учествуваат во артикулацијата на гласовите. Исто така многу е важно со прегледот да се направи увид во  структурата на артикулацииониот орган, потоа да се провери слухот и  да се утврди аудитивната состојба. Прегледот, дијагностиката и тестирањето на Вашето дете го прави логопед. Откако ќе се утврди видот и степенот на пореметување на говорот, се започнува со логопедска работа на негова корекција.

 

Не изговара правилно С, З, Ц

Карактеристично за овие гласови е што се забни, што значи дека забите најчесто учествуваат во нивното формирање. При нивниот изговор усните се развлечени во насмевка, врвот на јазикот е зад долните заби. Ако детето има дефекти на забите, вилиците и непцата, потребна е интервенција на стоматолог. Ако сето е во ред, се пристапува кон учење на изговор на тие гласови.

Вежбите кои родителот ги вежба дома се зборови или реченици во кои е застапен гласот кој се вежба. Во почетокот тоа се комбинации на вокалот СА, СО, СЕ, СИ, СУ, а потоа се вежбаат зборови кои ги содржат овие комбинации.

 

Не изговара правилно Л

Проблем: Ако на пример детето изговара УК наместо ЛУК, ако неговиот изговор има некаков призвук или ја менува буквата Л со друг глас (на пр. јав наместо лав, вамба наместо ламба, уето наместо лето.

Физички причини: Причини за неправилен изговор на гласот Л може да бидат многу кратка подјазична ресичка  која пречи во подигнувањето на предниот дел од јазикот, расцеп на небцата, слабо развиена моторика на говорните органи недоволно развиен фонемски слух, лоша говорна навика, која не знае само да ја корегира.

Ако Вашето дете неубаво го изговара гласот Л, можете за почеток постапно да започнете со изговор на гласовите ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, па кога детето ќе ги совлада да ги воведете зборовите липа, ламба, Лиле, лед...

 

Не изговара правилно Р

Гласот Р спаѓа во најсложените гласови во нашиот јазик. Тоа го објаснува фактот што кај децата најдоцна се појавува во говорот и дека многу од нив го изговараат тешко и неправилно.

Малите деца најчесто го заменуваат овој глас со друг, па така наместо Р изговараат Л, па наместо рака добиваме лака, наместо риба добиваме јиба, рамо добиваме уамо.

Како и во претходните случаи и кај гласот Р постојат низа зборови и реченици со кои може да се исправи изговорот. Со детето дома може да вежбате ТР, ДР, а кога тоа детето ќе го усвои преминувате на МР, БР или зборовите како три, дрво, мрена, дренки, бран...

Освен зборовите постојат и низа вежби кои се работат со логопед и со кои може говорот да се исправи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го научите Вашето дете на добри вр...
Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредноти.
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Врзете се и возете!
Сигурносниот појас е најефикасна направа за заштита на патникот во автомобилот и во останатите превозни средства, и најд...
5
Што треба да им кажувате на вашите деца се...
Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот број на обврски, понекогаш се чини дека п...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?