|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Настан кој се случува само еднаш во годината и кој го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава.

image
/11


Настан кој се случува само еднаш во годината и кој го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава.

Карневал кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Настан на кој му се восхитуваат илјадници странски посетители секоја година збогатен со неговата културна и историска вредност. 

Вевчанскиот Карневал оваа како и секоја година го прославивме на 13.01 и 14.01.

Во Вевчани тогаш е веселба, се празнуваат василичарските обичаи кои континуирано се слават едно деноноќие. Во карневалот се интегрирани традиционалните обредни игри и современи маски, а се изведуваат во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики - заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци.

Карневалот секоја година го посетуваат повеќе од 50 000 луѓе дневно од земјава и странство и уживаат во програмата на фестивалот.

Оваа година ние сакаме да понудиме поатрактивна и поинтересна програма за сите возрасти и вкусови, поддржани од Министерството за Култура и Здужението на Европски Карневалски Градови.

Вевчанскиот карневал е настан кој преку своите специфични особини, културна важност и богатсво, континуитет и атмосфера стана БРЕНД сам по себе!!!

 

 

 

Вевчанскиот карневал, стар повеќе од 1.400 години е интересен спој меѓу паганското и современото. Се оддржува на 13 и 14 Jануари (во очи и на првиот ден од новата година, според стариот календар). Главни карактеристики на карневалот се: архаичноста, таинственоста и импровизацијата. По своите специфични особини се разликува од сите други карневали во светот. Местото на карневалското случување е целото Вевчани, кое, за време на неговото одржување се претвора во своевиден театар без граници каде што секоја куќа, улица е сцена каде маскираните ги изведуваат своите игри како вистински актери.

    
Постојат три традиционални маски: зет и невеста, Глупи Август и музичари. Останатите маски во суштина се помали или поголеми карневалски групи, кои со костимите, гестовите и движењата обично ги исмеваат и жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот.
    
Особено е карактеристична улогата на Глупи Август. Оваа маска обично ја носат млади луѓе, полни со енергија, а кои со публиката комуницираат со невообичаени движења и гестови, но и со карактеристичен врисок.
    
За времетраењето на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода и “занес” во “поставувањето на светот наопаку”, слобода во која до израз доаѓа креативноста на духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање. Службено, во карневалот не учествуваат жени. Тие, сепак се маскираат но на крајот не ги симнуваат маските како останатите. Во 1993 година Вевчанскиот карневал, односно Вевчани станува член на ФEЦЦ - асоцијација на светските карневалски градови во која Вевчани, на големо негодување на Грција ја внесе Република Македонија под своето уставно име. Веднаш потоа се оживотворува иницијативата на Вевчани за национална карневалска асоцијација во која влегуваат и Струмица, Прилеп и други места каде се настојува да се оживее карневалската традиција. Прв претседател на Македонската карневалска асоцијација беше сегашиот градоначалник на Вевчани - Васил Радиноски.
    
Вевчанскиот карневал набрзо потоа, преку своите претставници и карневалски групи се претставува и на други места во светот, но и во Вевчани се претставуваат карневалски групи од други земји.
    
Карневалот во Вевчани, беше повод во 1996 година, на местото на настанот да се оддржи семинарот на тема “Обичаи под маски”, со учество на домашни и етнолози од повеќе европски земји, кои од карневалот на јавноста и ги издвоија основните карактеристики: традиционалните маски, појавата на ликови од општествениот живот, но и елементите кои го сочинуваат првобитниот слој на обичајот. Се разбира, тие дадоа и свое видување и за новините инкорпорирани во традиционалниот обичај. На вевчанскиот карневал, своевиден “Театар без ѕидишта” , не му се случило да ја одложи претставата. Тој од година во година се повеќе и повеќе го предизвикува интересот на јавноста, како во земјата така и во светот.
    
За времетраењето на карневалот вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во единствената “претстава” обилно залиена со црвено вино, во која има место и за секој добронамерник со карневалски дух.

Вевчанци со маските им пркоселе и на Турците

"Наполниш ли вода од Вевчанските Извори рано наутро на првиот ден од новата година и со неа го замесиш кашаникот со паричка, наредните 364 дена ќе бидеш здрав и среќен".
Водени од оваа мисла, мештаните на најпознатото, најбогатото и, пред се, највеселото македонско село, Вевчани, повеќе од еден милениум ја тераат традицијата на карневалот под маски. Првиот адет на вевчанци на заминувањето на старата и пречекот на новата година, сметано по стариот јулијански календар, почнува со парада. Обичај стар 1.400 години кој, како што веруваат тие, им носи бериќет и благодет.
Се почнува на 13 јануари, кога точно напладне василичарите пеејќи песни и играјќи ора, излегуваат на улиците и се собираат на сретсело, каде што се случува главното дефиле. До самиот почеток на карневалот, никој од мештаните не знае во што ќе се маскираат василичарите, но единствено е сигурно дека парадата нема да мине без присуството на Глупавиот Август и вевчанската невеста и младоженецот.
Така би и годинава.
Големиот уличен театар го сочинуваа околу 20-ина групи маски, кои на сатиричен начин ги прикажаа најважните случувања и настани што ја одбележаа минатата година. Имаше викинзи, поткупени доктори, пијани елени кои го влечеа "фиќото" со Дедо Мраз, војска на Садам Хусеин и на Осама бин Ладен, мајмуни во банана-ритам, овци, раштиман оркестар на лилјаци и виолинисти, гробари со натпис "Убаво беше, убаво го снајде", црвени ѓаволи... Најголемо внимание и интерес побудија групата маскирани попови, кои со пароли на грбот "Грчка православна црква - архијереј Куракис, св. Јован ја исмеаја расколничката состојба што владее во Македонската православна црква.
Се до доцна попладне, кога учесниците накратко земаат здив, за во вечерните часови, во ист состав, да тргнат по селските куќи на чашка греана ракија и мезе со луканки (познати вевчански домашни колбаси). По селската визита, фештата продолжува низ вевчанските меанчиња и кафулиња. Тогаш, зетот и невестата заедно со својата тајфа ги поздравуваат гостите со "за многу години". Зетот ставајќи го бастунот на вратот од секој гостин, на симболичен начин се обидува да изнуди пари од нив, а за сметка на тоа, невестата им ги бакнува рацете.
Оттука маскираните, заедно со мештаните и со гостите од Србија и од Грција, заминуваат на преубавите Вевчански Извори за да налеат вода за кашаникот со паричка. Водата во бокали и во стомни се носи по домовите и домаќинките за да им тргне годината со бериќет, ова јадење мора да го приготват со оваа вода. На оној што ќе му падне паричката ќе го следи среќа цела година.
"Последните испитувања на теренот носат сигнали дека вевчанскиот карневал е постар од утврдените 1.400 години. Се цени дека неговиот почеток е 200 години пред тоа. Кажувањата и тврдењата дека карневалот не постоел во турско време се неточни, пред се од причина што Вевчани никогаш не било под турска окупација. Затоа и не може ништо од неговото постоење да биде забележано во турските тефтери. Почнувањето на овој пагански обичај јасно ја отсликувала потребата на луѓето преку маски да се ослободат од злото и од црните мисли. Токму затоа, Вевчанскиот карневал, всушност, претставува културно-забавна манифестација со примеси на наука. 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето и пеперутката
Детски песнички
3
Боенка: Пепа Прасе
Обојте ја Пепа Прасе
3
Правината и кривината
Македонски волшебни приказни
3
Бадникова трпеза
Како и од сите останати слави и празници, така и од овој, неразделив дел е секако трпезата. Трпезата која што се приготв...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?