Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: vere
Датум на породување: 30.08.2011 година
Тип на породување: природно
Болница:
Ех, тој датум ќе го паметам цел живот...
Беше 12.12.2010 кога си ги видов тие две цртички и кога сфатив дека за 9 месеци ќе бидам најсреќната мајка на светот. Но не се одвиваше се според планот, кој јас го имав испланирано. Многу битно е и ова што ќе го кажам дека работам во гинеколошка институција и дека работата ми беше најмалиот проблем во текот на мојата бременост, се додека во 4 месец од бременоста и самата не знам како добив МОРБИЛИ. После тоа следуваа испитувања, за моја среќа се беше добро со мојот плод, барем така ми кажуваа докторите. Во 8 месец на мојата бременост бев на кратка консултација кај Др.Кировски и кога ме гледаше на ехо веќе немаше време да се чека за ништо. Беше убав топол ден 30.08.2011 година, а мене ми беше се стемнето. Тука веќе ми се сруши и целиот мој свет, бев тотално збунета и просто не ми се веруваше дали може воопшто тоа мене да ми се случи со толку направени прегледи и совети. Немав ни еден грам плодова вода а со тоа и моето бебенце, кое го чекав со најголемо нетрпение беше во многу голема критична состојба. Хитно ме однесоа во операциона сала и ми направија царски рез, меѓутоа приказната не се заврши тука. Родив машко бебе кое беше тешко само 1200 гр и на кое му се броеја минутите за живот. Депресијата не беше таа што мене ме заобиколи. Никој од докторите не беше барем малку оптимист за да ми каже ИМА НАДЕЖ. Кога ќе ги прашав сите креваа раменици и ми викаа Господ па ние. Во тие најтешки моменти бев доволно храбра и силна да инсистирам да ме префрлат на детска клиника во државна. Не можам а да не се заблагодарам на целиот персонал од детска клиника на чело со Др.ПИПЕРКОВА која направи се за јас и мојот Матеј за 10 дена да си дојдеме дома живи, здрави и весели.
Мојата приказна завршува тука, за среќа со најубав крај. Траумите никогаш нема да ги заборавам, но само едно знам дека сум најсрекната мајка на светот и што имам дете кое 1 месец беше борец и успеа во борбата. Животот е убав кога имаш едно мало суштество кое ти го разубавува секој ден...
Рингераја му посакува среќно детство на Матеј!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?