|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Великодушните луѓе ќе ја запомнат добрината која сте ја направиле за нив, а ќе ја заборават онаа која тие ја направиле за другите луѓе.

image
/11


 

Зошто великодушноста е еден од најважните алати за остварување на среќа и успех и како да постигнеме таа да стане дел од нашиот карактер?

 

Кога ја храниме својата душа, таа расте, а ние стануваме великодушни.

Великодушноста е плод на душата, а не на мозокот или на нешто друго. Скржавоста е плод на мозокот. Според тоа, за да се развие великодушноста, потребно е ширење и развивање на душата, а не на интелектот. Великодушноста е избор.

Великодушноста се изразува низ милосрдие, широкоградост, дарежливост, несебичност, племенитост, алтруизам, љубезност, сочувство, љубов, емпатија, благодарност...

Великодушноста е великодушност само тогаш кога е природна, без предумисла и без очекувања:

Ако сме великодушни бидејќи очекуваме нешто за возврат, тогаш тоа е прорачунатост.

Ако сме великодушни само кон своите тогаш тоа не е широкоградост.

Ако сме великодушни само кон другите, тогаш тоа не е великодушност, туку самопромоција.

Ако сме великодушни само понекогаш, тоа не е великодушност туку грижа на совест.

Ако даваме заради чувство на обврска тогаш тоа не е вистинска великодушност  туку совесност.

“Раката која дава е секогаш над раката која прима”

 

Како ќе препознаете великодушен човек?

Великодушниот човек не сака да биде центар на вниманието, но ќе слуша и ќе биде заинтересиран за другите. Тој ќе ги остави другите луѓе да зборуваат за неговите дела – тоа е вистинската форма на великодушност. Великодушните срца не се премногу импресионирани од своите дарови и не инсистираат на внимание.

Великодушните луѓе ќе ја запомнат добрината која сте ја направиле за нив, а ќе ја заборават онаа која тие ја направиле за другите луѓе.

 

Што добиваме кога сме великодушни?

- Тоа што сееме – тоа и жнееме. На оној кој дава ќе му се врати даденото повеќекратно.

- Чувство на возвишеност, топлина, радост, возбуда, позитивност

- Го чуваме срцето здраво

- Ја храниме својата душа

- Милост

 

Што не спречува да бидеме великодушни?


- Страв од немаштија, дека нема да имаме доволно за нас – Како што свеќата нема да го изгуби својот сјај кога ќе запали друга свеќа, така и ние не губиме кога даваме. Животот секогаш ни го враќа она што го даваме. Стравот од губиток ја спречува добивката.

 

- Сомнежот дека се исплаќа да се биде великодушен – познавате ли великодушни луѓе кои не ги берат плодовите на својата великодупност? Плодоносниот живот зависи од повеќе фактори, а не само од великодушноста. Ако некој не живее во благосостојба, тоа треба да се припише на мааните, а не на добрите страни – како великодушноста.

 

Не е доволно само да се даде, туку да се даде со љубов. Дури тогаш таа особина се нарекува великодушност. Великодушни се оние кои даваат без да очекуваат нешто за возврат, кои помагаат без предумисла. Мајка Тереза рекла:”Не е работата колку даваме, туку со колку љубов даваме”

 

- Сомнежот дека нашиот подарок ќе биде неадекватно потрошен – наместо во намерени цели – да заврши во нечии џепови – дури и да е така, ние сме направиле добро дело за таа личност. Понекогаш она што мислиме дека е добра цел, можеби не е најдобра. Твојот дар е дар, без оглед кому е доделен, а твојата дарежливост е племенита само тогаш кога не е попратена со сомнеж, страв, ограничено размислување... Важно е да знаеме дека даруваме заради себе, а не заради другите, бидејќи со самото дарување добиваме за возврат.

 

Се што штедам е изгубено, а се што давам е мое. Се што сум дал, сеуште го имам, а се што сум собрал исчезнало, отишло... G.I. Gurdjieff 

 

 

Способноста да се даде несебично на другите не е квалитет со кој луѓето се раѓаат. Искуствата кои ги имаме и вредностите на кои не научиле ја формираат основата за избор која се стреми кон великодушноста. Слично како и секое друго однесување што се развива во одредена развојна фаза исто така и моралното однесување се развива кај детето на одредена возраст.

Обично децата до 4 години се себични и не се свесни за туѓите чувства. Тие имаат тенденција да веруваат дека можат да добијат се што сакаат. На околу 4 и пол до 5 години, децата се подготвени  да развијат дарежлив модел на однесување и со нив може да се разговара за великодушност. Децата полесно ќе сфатат што е великодушност, ако почесто имаат примери за великодушност во животот. Покажувањето на добри примери и зајакнувањето на добрите манири и особини, ќе имаат далекусежни последици.

Давајќи му на Вашето дете можности да го искуси прекрасното чувство на подарување, му овозможувате да порасне во великодушен човек.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3
Стравовите на едногодишно дете
Со кои стравови може да се соочи детето на возраст од една година?
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?