|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Велигденски обичаи, традиција и значење

Редакција Рингераја, 4.4.2018
Велигден, Денот на Воскресението Христово, не е само најголемиот, туку и најстариот христијански празник, кој се празнува од II век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера

image
/11


Нашиот народ со подолги подготовки и со посебна возбуда го пречекува Велигден. Со овој празник се поврзани многу обичаи, но сепак помалку отколку, да речеме, со Божик или со Ѓурѓовден. Истражувачите на обичаите сметаат дека причината за тоа е во фактот што Велигден не е поврзан со одреден датум, туку секоја година го менува датумот.
Велигден е центар на повеќе празници, познати како празници со непостојан датум, или како циклус велигденски празници. Нивните датуми, коишто се менуваат секоја година, се зависни од Велигден и се определуваат откако ќе биде определен неговиот датум. Па така, Прочка е секогаш седум недели пред Велигден, првата сабота по Прочка е Тодорова сабота (Тодорица), неделата пред Велигден се Цветници, саботата пред Цветници е Лазарева сабота (Лазарица), четириесет дена по Велигден (и секогаш во четврток) е Вознесение (Спасовден), десет дена по него, или педесет по Велигден е Духовден (Педесетица)

Велигденски пости
На овој празник му претходат долгите Велигденски или Велики пости, коишто траат цели седум недели, не сметајќи ги Сиропусната недела, која е една недела пред Прочка и Месопусната недела, една недела пред неа. Востановен уште во апостолските времиња, за да биде оформен во денешна форма до IV век, постот има за цел да ги подготви христијаните за достојно прославување на празникот.
Сè до крајот на 30-тите години од минатиот век, овој пост се практикувал во секоја куќа. Денешните теории за здравата храна ќе речат дека постот е време кога се постигнува физичко чистење на организмот и психичко јакнење на волјата на човекот, што се совпаѓа и со народната традиција и со верувањето за функцијата на постот.

Велигденски верувања
Меѓу нашиот народ постојат повеќе обичаи и верувања поврзани со Велигден и деновите што му претходат, особено со Великата недела.
• Неделата пред Велигден се нарекува Страсна или Страдалничка. Тој ден според Евангелието, Исус на магаре влегол во Ерусалим последен пат. Од овој ден всушност се прават последните подготовки за празникот.

• На Велики вторник се подготвувале јајцата за вапсување. Се одбирале пресни, за „и зародишот да биде пресен“, се броеле и се планирале според бројот на членовите во семејството, при што се водело сметка и за тие што не биле дома, туку во војска, на печалба и сл.

• На Велјасреда навечер се зачадувала стоката. Се верувало дека така ќе биде заштитена од болести и несреќи.

• Со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток, или Величетврток, како што почесто се вика меѓу народот. Пред да изгрее сонцето тоа утро (се верувало дека ако тоа се направело подоцна, јајцата ќе се засмрдат) се вапсуваат велигденските јајца. Според обичајот, најпрво се вапсувале три, а потоа и другите јајца. Првото јајце за Господ, второто за домаќинот и третото за стоката и бериќетот.

• Секоја година на Велики петок, Црквата во нас ги оживува Христовите страдања на крстот за искупување на гревовите. Величествената тишина на Велики Петок, ја најавува извојуваната победа во космичката битка на Богочовекот – против Сатаната и смртта. Освен Велипеток, Велики петок уште се вика и Распет петок, затоа што на овој ден е распнат Исус. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, и тогаш не треба да се работи, дури не се готви ни храна.

• Некои, саботата пред празникот, наречена Велика сабота, ја сметаат за празник само додека се во црквата, а потоа може да се работи.

• На Велигден рано наутро сите брзаат во црквата да чујат „Христос воскресе“ и да се причестат. По литургијата во црквата се оди на гробишта, каде се остава по едно јајце на гробовите за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Идеи за украсување на велигденски јајца
Погледнете некои идеи за тоа како да создадете оригинални и прекрасни велигденски јајца
4
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2
Зборувај ми, мила мамо
Песнички за најмалите
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?