|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ве молам не им помагајте на моите деца!

Kate Bassford Baker , 27.8.2014
Не седам овде, на цели пет метри од моите деца, затоа што сум премногу мрзелива да станам. Седам овде бидејќи не ги донесов во парк за да научат како да манипулираат и да ги натераат другите да ја работат нивната работа

image
/11


 

Ги донесов овде за да се научат да се снајдуваат сами.

Ве молам не ја кревајте мојата ќерка по скалите на лизгалката, посебно затоа што и реков дека нема да и помагам и да се обиде да го направи тоа сама.

Не се овде за да научат да останат на првата скала, туку да научат да се качуваат сами.  Ако во тоа не успеат сами, ќе доживеат разочарување. Дури и повеќе, ќе бидат уште повеќе мотивирани да ја постигнат таа цел.

Не е моја работа, а сигурно не е ни ваша, да ги спречите моите деца да почувствуваат фрустрираност, страв и непријатност. Кога тоа би го правела, би им ја одзела приликата да научат дека тие чувства не се пропаст на светот, туку дека можат да бидат надминати и искористени во нивна полза.

Ако се заглават, не е моја работа веднаш да ги спасувам. Така би им ја одзела можноста да научат како да се смират, да ја проценат ситуацијата и да се обидат да се ослободат сами.

Не е моја работа да ги чувам од паѓање. На тој начин ќе им оневозможам да сфатат дека ако не се внимава се паѓа, но повторно треба да се стане, колку и да боли.

Не сакам моите ќерки да научат дека не можат да ги надминат препреките без помош. Не сакам да научат дека големите работи можат да се постигнат и со напор. Не сакам на научат дека имаат право на награда и заслуга без труд.

Сакам моите ќерки да го запознаат восхитот кога стравот ќе биде надминат и кога успехот ќе се оствари низ напор.

Сакам да веруваат во сопствените можности, да бидат самоуверени и одлучни во своите напори.

Сакам да ги прифатат своите ограничувања, додека не откријат дека можат да ги пребродат со сопствена сила.

Сакам да бидат способни да донесуваат сопствени одлуки, да развиваат сопствени вештини, да преземаат сопствени ризици и да излезат на крај со своите чувства.

Затоа, ќе ви бидам благодарна ако се повлечете и ме оставите да ја работам својата работа, која во главно се состои во одолевање на истите нагони кои вас ве тераат да помогнете, гризење за јазик секој пат кога сакам да викнам “Внимавајте!”и свесност за тешката одлука да се повлечам, наместо да притрчам во помош.

Во текот на нивното растење, пречките ќе стануваат се повисоки, пострашни и потешки за искачување. Не знам за вас, но јас сакам да им помогнам таа вештина да ја стекнат сега, кога грешката значи само одрано колено кое може да се излечи со бакнеж.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?