Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Без разлика дали патувате на летен одмор, зимување, службен пат или на било какво патување кое што ќе потроши неколку дена од вашето време, секогаш вашата мобилна аптека нека ги содржи компонентите кои што ќе ги напомнеме подолу. Особено бидете внимателни доколку со вас на пат доаѓа и мало дете или постаро лице.
- Како прво и основно, во вашата торба ставете некој анелгетик и антипиретик како што се paracetamol, ibuprofen, andol, analgin и сл. Анелгетиците и антипиретиците се таблети кои најмногу затребуваат кога сте на пат.
- Во вашата мобилна аптека секогаш нека има фластер, ханзапласт, завој и неколку стерилни гази. Ова задолжително имајте го секогаш со вас, бидејќи никогаш не се знае кога и зошто може да ви притреба по пат или за време на престојот, а нема да можете веднаш да го купите. Доколку со вас патуваат и деца, кон овој прибор задолжително додајте и спреј или маст за дезинфекција и за затворање на рани.
- Доколку имате терапија која морате да ја пиете редовно, земете си поголема количина, бидејќи вашето патување може и да се одложи. Особено треба да внимавате доколку ја поминувате границата, таблетите да ги носите во нивните оригинални пакувања, заедно со упатството за употреба, во спротивно можете да имате проблеми на царина.
- Информирајте се за интернационалните имиња на таблетите во странство, ова лесно можете да го направите на интернет, бидејќи имињата на таблетите под кои се познати кај нас, немора да значи дека истите ќе ги најдете и во државата каде патувате. Затоа, доколку одите на временски подолго патување или ако користите постојано некоја терапија, информирајте се за нивното интернационално име за да немате проблеми да ги пронајдете во тамошните аптеки.
- Со вас покрај таблетите секогаш понесете топломер за мерење на телесната темперетура, а доколку имате проблеми со притисокот, особено ако со вас патува постаро лице, секогаш со вас понесете и апарат за мерење на притисок.
- Задолжително земете со вас про-биотска таблета. Овие таблети содржат материи за регулација на цревната флора, а долгите и подалечни патувања многу често се причина за дигестивни пореметувања кои можат да ви представуваат навистина голем проблем.
Советите кои ви ги дадовме можеби некому ќе му звучат претерано, но ако подобро размислите и самите ќе заклучите дека се ова можете да го соберете во едно кутивче кое нема да ви одземе многу место во вашата патничка торба, а може да ви биде многу попотребно од 5-те пара на штикли за кои сметате дека се неопходен дел од вашата гардероба.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејство и дом
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално ...
Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на...
Детскиот хирург Симеонов доби син
Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој, напиша поз...
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што да дознаете.
пеперутка16
Кога би носеле тројки, што би направиле?