Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Од што се прават вакцините?
Вакцините се прават од мала количина бактерии, вируси и останати антигени и се применуваат за да го стимулираат имунолошкиот систем и да произведат антитела кои, во случај на инфекција, брзо ќе го препознаат и елиминираат предизвикувачот.
Но, како и многуте прехранбени продукти и вакцините содржат мали количини на хемикалии, кои ги штитат од расипување и ја обезбедуваат нивната стерилност. Во некои случаи детето може да биде чувствително на некои од тие супстанции, па после вакцинирањето кај него ќе се појави алергиска реакција.
Во последните 2-3 години може да се прочитаат бројни написи во кои се тврди дека вакцините содржат цела палета на токсини, кои на детето ќе му направат поголема штета од корист. Според деталното истражување на американската академија на педијатри ECBT Every child by two, тие тврдења се неосновани и површни. Еве зошто:
Важна е количината
Прво на што треба да се обрне внимание кога се работи за т.н. токсини во вакцините е фактот дека секоја материја или супстанца може да биде корисна или штетна во зависност од тоа во која количина е консумирана.
Второ, факт е дека некои соединенија можат да бидат потполно безбедни и покрај тоа што се состојат од небезбедни и понекогаш опасни елементи.
Заради тоа, за некоја состојка да се карактеризира како токсин, мора да се земат во предвид многу повеќе параметри, а не само фактот дека како состојка се наоѓа во вакцините. Овде пред се се мисли на прашањето: Која количина се користи? Како се применува? Дали се комбинира со некој друг елемент? Дали се користи само во една фаза на производството, па потоа се елиминира?
Најчести видови на вакцини
Постојат неколку врсти на вакцини, но сите тие ја имаат истата задача: да го спречат настанувањето на одредени болести. Кога ќе се прими, вакцината го поттикнува организмот да произведува антитела кои ќе го препознаат и елиминираат предизвикувачот. Количината на вируси или бактерии во вакцината е многу помала од количината на вистинските напаѓачи, така што организмот не може да заболи, но може да создаде антитела против нив и благовремено да се подготви за одбрана.
Најважни врсти на вакцини се:
Живи ослабени вакцини. Се прават од ослабени живи бактерии и вируси. Многу се ефикасни, макар што во редок случај можат да предизвикаат инфекција. Ова се однесува на децата со ослабен имунитет.
Мртви вакцини. Многу се постабилни од живите. Се прават од микроби, кои се деактивирани по хемиски пат. Мртвите вакцини предзвикуваат послаб имунолошки одговор од живите, па затоа е потребно да се примаат по неколку пати, за да се одржува имунитетот.
Токсикоидни вакцини. Некои типови на бактерии предизвикуваат болест создавајќи отрови – токсини кои влегуваат во крвотокот. Токсикоидните вакцини, како што се оние против дифтерија и тетанус, користат бактериски токсини (кои се направени да бидат безопасни), за имунолошкиот систем да развие одбранбен механизам против нив.
Фракциони вакцини. Направени се со користење само на делот на вируси и бактерии. Во нашата земја на децата задолжително им се даваат следните вакцини: против туберкулоза, дифтерија, голема кашлица (пертусис), детска парализа (полиомејитис), мали сипаници (морбили), заушки (паротитис), рубеола и хепатит Б.
Задолжителни вакцини
Програмата за вакцинација не е иста во секоја земја, бидејќи во различните делови од светот владеат различни болести. Во нашата земја, задолжителниот план за вакцинација ги опфаќа следните вакцини:
BCG (против туберкулоза)
Кога и во колку дози? Во неонатолошкото одделение. Децата кои не се вакцинирани еден ден по раѓање, мораат да се вакцинираат до првата година.
Ревакцинација: на десет години
HepB (против акутен хепатитис Б)
Кога и во колку дози? Се дава во 4 дози. Бебето ја прима првата вакцина кога ќе наполни 1 месец, втората кога ќе наполни 2 месеци, третата на 6 месеци, а последната на првиот роденден.
DTP (против дифтерија, тетанус и голема кашлица)
Кога и во колку дози?
Се дава во три дози: прва кога бебето ќе наполни два месеци, втората на три и пол месеци и третата на пет месеци. Растојанието меѓу вакцините не смее да биде пократко од 1 месец, а обично се практикува 6 недели.
Ревакцинација: Првата доза се дава на возраст од 17-24 месеци, втората на 4 години, а третата на 7 и 14 години.
Polio вакцина (против детска парализа)
Постојат два типа на вакцини: OPV – орална или жива вакцина и IPV – деактивирана, мртва инекција која се вбризгува со инјекција.
Кога и во колку дози?
Бебето ја добива првата вакцина полио кога ќе наполни два месеци. Оваа вакцина се дава заедно со DTP вакцината во три дози, така што бебето ќе ја прими втората доза на три и пол месеци, а третата на 5 месеци.
Ревакцинација: Првата доза во периодот од 17-24 месеци.
HiB (ја спречува смртоносната бактерија Hemofilus influence)
Вакцината ја уништува бактеријата Hemofilus influence, која предизвикува широк спектар за многу сериозни инфекции, на кои се подложни бебињата и децата.
Кога и во колку дози?
Првата вакцина бебето ја добива на два месеци старост, а бидејќи се дава во три дози бебето ќе ја прими вакцината заедно (или со растојание од 10-тина дена) со DTP и OPV на 3,5 и 5 месеци.
Ревакцинација: Нема
MMR (против мали сипаници, заушки и рубеола)
Кога и во колку дози?
Бебето треба да ја прими вакцината пред првиот роденден, а најдоцна до возраст од 15 месеци.
Ревакцинација: Во седмата година, пред уписот во прво одделение.
ЗА и ПРОТИВ
Како што постојат заговорници на редоцна вакцинација, постојат и такви кои тврдат дека вакцините се непотребни, па дури и опасни по здравјето. Нема многу, имаат свои аргументи и научни тврдења, кои може да ги пронајдете на интернет.
Во секој случај, пред да се определите за едната или страна, добро е да ги земете во предвид сите аргументи, па потоа да донесете одлука дали ќе го вакцинирате своето дете или не. Притоа имајте во предвид дека вакцинацијата во Р. Македонија е задолжителна и дека евентуалната одлука за невакцинирање ја носите на сопствена одговорност.
На крај, сите ќе се согласиме дека на родителите им е најважно децата да им пораснат здрави, среќни и задоволни. Се останато е право на избор.
Извор: Every child by two
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?