|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Уредност од најмала возраст

Мирјана Велева, 8.5.2013
Детето уште од најмала возраст почнува да ги учи основните организациски вештини, следејќи го примерот од родителите. Aко вие сте уредни и организирани во извршувањето на секојдневните обврски, тогаш таквите навики лесно ќе ги стекне и детето

image
/11


 

 

Денес ме заинтересира расправата на многу млади мајки кои ја водат на форумите во врска со тоа која како го воспитува своето дете само да си ја уредува собата или пак да си ги собере играчките. Забележав дека најмногу дебати се водат меѓу родители кои имаат деца на возраст од 3,4 па до 7или 8 годишна воздраст. Тоа е нормално затоа што навиките кај децата се создаваат од најмала возраст.

Како што можев да забележам многу родители ги навикнуваат своите деца на обврски од овој тип. Некои деца многу лесно ги прифаќаат ваквите  обврски и родителите немаат потреба посебно да се ангажираат околу тоа. Некои пак одбиваат или периодично ги извршуваат.

Со ваквите деца на родителите им е потешко да ги дисциплинираат па некогаш работата излегува од контрола и има расправии или пак мајката и покрај тоа што побарала од детето, откако ќе заврши со играњето, да ги среди играчките, сама ги собира.  Е па, јас сум од последниов тип на родител.  Па затоа можеби ќе кажете дека  ете  не сум баш успешна во ова.  Причината, претпоставувам  ќе кажете, е  затоа што не сум била доволно строга што и не е моја особина како личност. Зборувам во минато време затоа што моите деца сега се возрасни.

Па сега можеби ќе се запрашате тогаш што има таа да каже во врска со воспитување на децата како да си ја уредат собата. Меѓутоа секогаш кога нашите одлуки, работите кои успешно сме ги завршиле  или помалку успешно или пак  кои сме ги почнале а не сме ги завршиле ги гледаме од една временска  дистанца секако сме попаметни. Тоа е затоа што тогаш и така  работите можеме да ги анализираме. Анализата и самокритичноста ни го даваат одговорот.

Сега можам да кажам односно да ја повторам мислата на американскиот детски писател Dr. Seuss кој вели- Личноста е личност без разлика колку е мала.

Според тоа различното однесување на децата е нормално затоа што секое дете е посебна личност и тоа мора да се почитува без разлика колку е мало. Децата не можеме да ги дресираме и секогаш да реагираат исто, односно во случајов без разлика како се чуствуваат, без никаква реакција да соберат, да средат... А можеби е уморно, или пак ниту во играта не уживало доволно за да биде мотивирано да ги собере играчките.

Но секако родителите никако не треба да се откажат од воспитување на своите деца. Тие мора да ги учат на уредност, како личната, во смисла на миење раце, бањање, миење заби, а исто така и уредување на собата, собирање на играчките и книгите ако оди во училиште.

Тоа се основните работи кое детето мора да ги знае односно мора да знае колку е тоа важно. Да му се објасни дека тоа значи дека се грижи за себе, за своето здравје и здравјето на своите блиски.  На пример, ако   играчките не се расфрлани по цела соба, тогаш нема опасност некој да се сопне на нив и да се повреди. Или собата треба да се чисти од прашина затоа што треба да дишиме чист воздух.

Исто така во собата да нема заборавено храна затоа што собата непријатно ќе мириса и ќе се соберат инсекти. Ова Вашето дете сигурно ќе го разбере. На овој начин детето ќе ги научи најважните работи, а тоа е одговорноста и емпатијата, (грижата за другите) и чување на сопственото здравје. Ова е многу поважно отколку тоа колку пати одбило да ја среди собата или пак послушно без приговор ги собрало играчките.

Исто така многу е важно, кога се мали децата, родителите да бидат што е можно повеќе со нив. На малите деца тоа им е најважно, тогаш се чувствуват сигурни сакани и потребни. Добро  е кога работите нешто по дома да го вклучите и детето, секако во работи кои се безбедни за него.

Многу родители заради побрзо завршување на обврските им велат- “тргни се имам работа”.  Оваа реченица колку и да звучи неважно, за детето представува одбивање. Ако детето повеќе пати го чуе не е тешко да се претпостави дека ќе се оддалечи, а во периодот на адолесценција ќе одбива да Ви помогне, и нема да се грижи многу околу заедничките обврски во домот.

Значи најважно во овој дел од воспитувањето на децата е да се воспитуваат во насока да бидат одговорни, да имаат сочувство кон другите, да ја одржуваат хигиената и  да имаат потреба да помагаат.

Освен овој емоционален дел од воспитувањето секако е важно да се научи на некои практични работи како што се организациските вештини. Тоа ќе го научат ако во собата секој предмет има свое место. Книгите во ранецот  да се подготват навреме а не пред да оди на училиште. Тогаш се брза, се создава притисок и на родителите и на децата. 

Детето уште од најмала возраст почнува да ги учи основните организациски вештини, следејќи го примерот од родителите. Со други зборови, ако вие сте уредни и добро организирани во извршувањето на секојдневните обврски, тогаш  таквите навики  лесно ќе ги стекне и Вашето дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знаете за третиот крајник?
Родителите се обично загрижени поради честите воспаленија на третиот крајник кај своите деца. Често тие се во дилема око...
5
Што МОРА да знаат мајките на девојчиња?
Розеви балони излетаа од кутијата за откривање на полот на забавата која ја приредивме за објавување на бременоста. Бев ...
4
Совети за полесен почеток на учебната година
Август е при крај и наскоро летните авантури ќе бидат само добро сеќавање, а ние треба повторно да се подготвиме за учил...
4
Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?