|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Упатства за користење на интернет според возраста

Metamorphosis Foundation , 14.3.2012
Доколку вашите деца користат интернет дома, веќе знаете колку е важно да им помогнете во заштитата од несоодветни содржини и контакти

image
/11


 

 

До 10 годишна возраст строго ограничување


Доколку вашите деца спаѓаат во оваа возрасна група, надгледувајте ги и контролирајте ги за да бидете сигурни дека не се изложени на несоодветни содржини на интернет кои не се наменети за деца до 10 години.

Исто така, со користење на компјутерски алатки за безбедност на интернет, можете да му го ограничите пристапот на Вашето дете до одредени содржини, веб-сајтови или активности и со тоа активно да се вклучите во неговите интернет искуства и доживувања.

Онлајн безбедносни совети за родители кои имаат деца до 10 години

Дури и ако Вашите деца се на возраст од 2 до 10 години, за нив интернетот е одлично место за учење и играње. Еве неколку совети за безбедност на интернет кои треба да ги имате на ум кога одите онлајн со Вашето дете, кое е на оваа возраст:

1. Никогаш не е премногу рано да поттикнете отворена и позитивна комуникација со Вашите деца. Добро е да зборувате за компјутерите и секако - да останете отворени за нивните прашања и љубопитност.

2. Секогаш седете заедно со Вашите деца кога се онлајн на оваа возраст.

3. Поставете јасни правила за користењето на интернетот. Дефинирајте колку часа на ден и во кој дел од денот може Вашето дете да користи интетрнет. Одредете што точно може да прави на интернет, а што не смее. Испечатете ги правилата и закачете ги на видно место, веднаш до компјутерот кој сите го користите.

4. Инсистирајте Вашите деца да не делат лични информации, како што се нивното вистинско име, адресата, телефонскиот број или лозинките што ги користат, со луѓето кои ги среќаваат онлајн.

5. Ако некој сајт го охрабрува вашето дете да го остави своето име за да си персонализира некоја веб содржина, помогнете му да креира online nickname (прекар) кој нема да содржи лични информации.

6. Истражете ги алатките за филтрирање на веб-содржините за да ја преземете безбедноста на Вашите деца на интернет во свои раце и за да им поставите родителски надзор.

7. Ако користите семејни безбедносни алатки, креирајте соодветни профили за секој член, базирани на нивната возраст.

8. Преземете мерки за заштитата на Вашите деца од несоодветни pop-up прозорци („прозорци“ од веб-сајтови со несоодветна содржина за Вашето дете).

9. Сите членови на семејството треба да бидат пример за најмладите кои тукушто почнуваат да користат интернет.

 

 

Преземено: Безбедно на интернет

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мирис на ацетон од детската уста
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?