|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Училиштето како нов дел од животот

Промедика, 5.9.2018
Во училиштето сите ние стекнуваме по некој вреден подарок кој ќе остане до крајот на животот, независно дали е тоа некој успех или признание, другарство кое ќе трае, спомен од училишните часови и одмори, сеќавања на нашите драги учители,...

image
/11


Училишните денови се исполнети со искуства, позитивни или помалку вредни за паметење, но сите ние го паметиме денот кога за прв пат сме седнале во училишните клупи, кога сме станале првачиња. Возбудата е голема и кај децата и кај нас родителите. Заедно ги споделуваме миговите на неизмерна среќа и радост, а с? со една цел-да се означи денот кога се станува  прваче. Од големо значење е децата да бидат психички подготвени за првиот училишен ден, но и за училиштето воопшто.Треба да знаат дека училиштето е место каде што ќе се образуваат, ќе научат да читаат и пишуваат, ќе стекнат многу нови другарчиња со кои ќе минуваат низ целокупниот процес на учење.

Пред да тргне детето во училиште најдобро е да посетува градинка/забавиште што е од голема корист во остварување на понатамошните обврски, почитување на одредена дисциплина, пишување домашни задачи, стекнување на поголема самодоверба и чувство на одговорност кон зададените задачи. Многу е важно да се разговара со детето, да му се објасни што точно преставува училиштето и што му престои во животот.

 

1

 

Психолозите сметаат дека кога детето чуствува радост заради првиот училишен ден тоа позитивно се одразува на неговите идни успеси во училиштето. Затоа, многу е важно двајцата родители да присуствуваат на првиот училишен ден. Ова помага за зголемување на самодоверба кај детето. Така детето–прваче ќе биде успокоено и бескрајно среќно. Важно е детето претходно да го разгледа училиштето каде што ќе учи, за да добие поголема престава за тоа. Одете заедно во книжарница да ги купите книгите и потребниот прибор за малиот ученик. Објаснете му на детето како треба да се однесува во училиште,  на часовите, кон учителите и кон другите деца.

Првиот училишен ден е искуство кое и детето и родителите го паметат целиот живот, затоа да се потрудиме тој ден да биде посебен за нашите деца, исполнет со многу љубов, среќа, внимание. Да им покажеме дека од овој миг зачекоруваат по нов пат во животот исполнет со нови предизвици, со кои ќе се соочуваме заедно. Ние родителите секогаш ќе бидеме тука да им ја пружиме најголемата поддршка и поткрепа на нашите деца, а тие ќе ни возвратат со нивните успеси во животот.

Во периодот кога децата почнуваат со училиште да не се заборават и  дополнителните активности за кои детето покажува интерес.  Спортот има многу големо значење во правилниот раст и развој на детето. Физичката активност влијае на правилниот физички, ментален и психички развој и децата стануваат посреќни и поисполнети, полни со позитивна енергија и убави мисли. Вака нашите деца ќе израснат во личности кои се правилно насочени во животот, за да и тие ги пренесуваат своите знаења на идните генерации.

 

Пишува  д-р Моника Топузовска, специјалист по педијатрија

 

logopromedika

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
3
Анџелина Џоли, помеѓу семејството и кариерата
Анџелина Џоли, како мајка на 6 деца со голем напор успева да го испланира времето за да има доволно време за работа, а д...
3
Тетка – засолниште за детската душа!
Кој немал тетка, немал среќа да поседува неизмерно богатство собрано во една личност. Тетката е секогаш извонредна жена,...
3
Емоционални уцени на родителите
Драги посесивни родители, станете навистина драги и сфатете дека љубовта е слобода
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?