|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Училишен распуст?! Урааааа!

Редакција Рингераја, 14.6.2011
Одмор, одмор, одмор, урааааа! Но, во повеќето случаи само за децата.

image
/11


 

Повторно на плеќите на родителите се натрупува одговорноста да размислуваат и да ја финансираат летната забава на децата. Што ќе правите Вие со Вашите, за одмор настроени, деца? Го слушнавме последното ѕвонење на училишното ѕвонче и веќе треба да планираме што и како. Сеуште не е доцна да дадеме убави предлози за забави, кампови, игри.

Заеднички да направиме  најдобар план – како најдобро да го поминат одморот нашите деца!?

 

На село кај баба?

Семејствата кои имаат по неколку активни баби се во најповолна позиција, зошто не треба да си поставуваат многу прашања, туку мирно можат да ги испратат своите деца по неколку седмици кај нив и одморот е завршен.

Предности: Детето ќе биде цело лето со некој близок, за кој се претпоставува дека добро ќе се грижи за него. Така се штедат и доста финансиски средства.

Недостатоци: Ако нема деца за игра, на негова возраст, на детето ќе му биде досадно да комуницира само со возрасни.

А и на бабите и дедовците нема да им биде лесно ако имаат немирни внучиња. Постои опасност да се нарушат добрите роднински врски, од типот: моето дете беше на гости само една недела, а од брат ми цел месец...

 

Во училишни кампови?

Многу училишта преку туристички агенции организираат летни кампови за децата.

Предности: Децата ќе бидат во позната средина, меѓу другарите, со кои ќе играат и ќе се забавуваат. Не е исклучено да се здобијат со нови вештини, да научат нешто корисно и интересно.

Недостатоци: Летните кампови се обично кратки, максимум траат по 10 дена, а скапи се. Од овој аспект на некои семејства ќе им биде потешко да го исполнат летниот одмор на децата со неколку летни кампови. А и на децата бргу им досадува и сакаат да се вратат дома.

Во занимална

Ако нема кој да го гледа детето, многу родители прибегнуваат кон оваа опција.

Предности: Вашето дете секоја вечер е дома, а преку денот има шанса да научи нешто ново и интересно. Тоа многу зависи од персоналот во занималните. Некои ги водат децата во градинки, музеи, зоолошка градина, базени, а други ги занимаваат само на едно место.

Недостатоци: Ако детето цела година патувало до училиштето на подолга релација, овој тип на активност можеби нема да го почувствува како одмор. Исто така ваков вид на занимални не се особено евтини, во зависност од услугите кои ги нудат. Се разбира, евтино и скапо за секое семејство е релативен поим и на некои родители оваа опција може да им биде од голема корист.

 

Со мама на работа?!

Не е дозволено? Така ли? Зависи каде работи мама!

Предности: Детето е секогаш со Вас. Како што рековме, зависи која е мама и каде работи.  Ако мама е директорка, мирно може на една од вработените да и ја препушти грижата за малиот член на нивниот колектив.

Недостатоци: Ако работиме на незавидна позиција и нашата работа е и така многу натоварена, сите предности се претвораат во недостатоци и присуството на детето може да не кошта работно место.

 

Целото семејство зема одмор, во смени?

Предности: Ако во Вашето семејство работат двајцата родители и бабите и дедовците, тогаш нема да има разочарани. Две недели со мама и тато на море, две недели со баба и дедо на планина, другите две недели кај баба и дедо на гости, и повторно...

Недостатоци: Премногу идеализиран модел за наши услови и многу ретко се применува. Не е добро родителите да користат годишен одмор во различен период, за да има кој да биде со детето. Тоа може да ги раздалечи родителите.

 

Само дома?

Предности: Детето се учи на самостојност. Да, но зависи на која возраст е детето. Ако е помало од 10 години, секако дека му треба возрасен придружник дома. Во оваа ситуација и нема некоја предност ниту за детето, ниту за родителите.

Недостатоци: Од почеток до крај на работното време се грижите каде е детето и што прави. За да биде посигурно го заклучувате во станот, за да не му се случи нешто лошо надвор. Генерално, мало дете оставено само дома е најлошата можна опција, дури под одредена возраст треба да е казниво.

 

Други предлози?

 

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
6
На која возраст детето треба да ги именува...
Едно од најчестите прашања кои ги добивам од родителите е, кога е вистинското време за нивното дете да ги научи да ги ра...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?