|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Учете англиски преку песнички - 4 дел

British Council, 29.8.2011
Рецитирање песнички во слободното време
Клучни зборови:

image
/11


 

Колку повеќе рецитирате песнички во кругот на семејството, толку побрзо нивниот едноставен, секојдневен јазик ќе стане дел од животот и говорот на детето. Многу е важно да составите сопствена збирка на песнички, бидејќи за децата важи изреката: „Колку повеќе песнички знаеш, толку повеќе сакаш да научиш“. Рецитирањето песнички е забавно!

 

Родителите и децата може да рецитираат една или две песнички во нивното слободно време, на пр. додека чекаат ред во супермаркетите или кога подолго време патуваат. Родителите се тие кои треба да ја започнат ваквата активност, но децата често сакаат да придонесат со сопствени идеи. Децата имаат потреба да ги повторуваат песничките; повторното рецитирање им овозможува да размислат и да го подобрат начинот на рецитирање. Тие постојано работат на подобрување на изговорот, но тоа нема да можат да го направат, ако ги брзате и ако не им дозволите да вежбаат. За да воведете нови песнички, подобро е да почекате до планираното време за изучување на песнички.

 

Време за песнички

 

Планираното време кое ќе е посветено на рецитирање би требало да вклучи:

• стари омилени песнички

• понови научени песнички

• најнови песнички

 

slika

 

Добро е да почнете со една или две стари омилени песнички, бидејќи тоа ќе им помогне на децата од мајчиниот „да се префрлат“ да размислуваат, да се привикнат да го слушаат и да го користат англискиот јазик. Колку пати ќе ги рецитирате омилените песнички ќе зависи од расположението на детето. При второто повторување детето би требало повеќе да учествува, а при третото, доколку постои добро расположение, може да му дозволите и да го поттикнете самостојно да ја изрецитира песничката, или само дел од неа.

 

Времетраењето на планираното време за песнички ќе зависи од тоа дали станува збор за кратка сесија посветена на англискиот јазик или пак за вовед во подолг час (видете ја книгата на Британскиот совет под наслов Зборувајте англиски со вашето дете). Би било добро однапред да подготвите програма во која ќе ги напишете првите стихови од песничките. Децата кои умеат да читаат на мајчиниот јазик сами ќе можат да го одгатнат редоследот. Подоцна, кога веќе ќе знаат повеќе песнички, може од нив да побарате самите да ја состават сопствената програма.

(продолжува)

 


1 дел: Учете англиски преку песнички
2 дел: Одбирање песнички
3 дел: Како да рецитирате песнички
5 дел: Приредби 
6 дел: Изработка на книги со песнички
7 дел: Читање песнички

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Орел и чавка
Детско катче
3
14 години од смртта на Тоше Проески
Денес се навршуваат 14 години откако македонскиот пејач Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Ба...
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?