|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Учете англиски преку песнички - 3 дел

British Council, 29.8.2011
Како да рецитирате песнички
Клучни зборови:

image
/11


 

Начинот на кој детската песничка „оживува“ во фантазијата на детето зависи од начинот на кој родителите го користат својот глас, очите, изразот на лицето и говорот на телото (видете ја книгата на Британскиот совет под наслов Зборувајте англиски со вашето дете).

За да го привлечете вниманието на детето, воведувањето на новата песничка за него треба да претставува доживување во кое вашиот глас ќе го води низ песничката. Со оглед дека децата имаат способност слуховно повеќе да забележуваат од родителите, со време тие се запознаваат со песничките и учат како да ги толкуваат емоциите на возрасните од нивниот глас, така што веќе не им е потребна помош во облик на движења кои ги следат песничките. Кога ова ќе се случи, детето често го презема изведувањето на движењата, така што родителите веќе не мора да ги прават.

Прилично голем број традиционални песни може и да се рецитираат и да се пеат. На почетокот подобро е да ги рецитирате песничките со што на детето му задавате само една задача – да ги запамети зборовите. Ако детето истовремено треба да ги научи и мелодијата и зборовите, тогаш задавате две задачи, што за некои деца може да е посложено.

Некои деца, кои првично научиле да ја пеат песничката, понекогаш имаат потешкотии при пренесување на испеаниот текст во говор; како резултат, понекогаш може да ги слушнете како пеат кога сакаат одредени фрази да пренесат во дијалог.

 

Разбирање на новата песничка

 

Песничките се состојат од непроменливи фрази или јазични елементи кои се составени за да се римуваат. Децата често ги запаметуваат тие фрази без да ги забележат помалите зборови, како на пр. ‘the’ или ‘for’, бидејќи ги слушаат како дел од една поголема целина, а не како посебни зборови (на пр. ‘оne’s for you’).

 

Во многу книги со песнички нема слики кои на децата ќе им помогнат во разбирањето. Доколку нема слики во книгата со која се работи, родителот може сам нешто да нацрта, или на детето да му покаже играчки или предмети со кои ќе го потпомогне разбирањето. Доколку решите да преведете неколку зборови, направете го тоа со шепот, и тоа само еднаш, притоа повторувајќи го истиот збор на англиски јазик.

 

slika

 

Воведување нова песничка

 

При воведување нова песничка, родителите треба да користат говор прилагоден на детето (видете ја книгата на Британскиот совет под наслов Зборувајте англиски со вашето дете). Јазикот на кратките песнички лесно се имитира и памети, така што користењето на таквиот говор ќе биде сé поретко, бидејќи детето сé повеќе и повеќе ќе ја совладува песничката.

 

За да го утврдат тоа што го научиле, оставете ги децата со сопствена брзина и во време кое ним им одговара да ги разберат и сфатат зборовите, гласовите и значењето. Не брзајте ги и не присилувајте ги да работат со брзина соодветна за возрасните, особено во почетната фаза на учење на новата песничка. Повторувањето може да биде досадно за возрасните, но тоа е од особена важност за децата, бидејќи им овозможува несвесно да го утврдат она што веќе го научиле и да го извежбаат изговорот. Истовремено, со утврдување на наученото кај нив се влева поголема самодоверба.

 

Изрецитирајте ја песничката, полека „одглумете“ ја, надополнувајќи го значењето со движења, слики или предмети. Ако песничката не е проследена со движења, измислете ги - физичката активност помага при меморирањето, а движењето секако го подобрува расположението. Нагласете ги важните зборови и зборовите што се римуваат, и кога ќе почувствувате дека е потребно, преведете ги со шепот.

 

Штом децата добро ќе се запознаат со песничката, може да ги поделите улогите така што детето ќе каже еден стих, а вие друг. Поделбата на улогите е важна вештина која детето треба да ја научи, бидејќи вклучува внимателно слушање и преземање одреден ризик, поистоветување со другиот соговорник и проценување на моментот кога е негов ред да зборува.

 

Дури и кога детето ја знае скоро цела песничка наизуст, можеби не се чувствува подготвено да го иницира самостојното рецитирање.

(продолжува)

 

 

1 дел: Учете англиски преку песнички
2 дел: Одбирање песнички
4 дел: Рецитирање песнички во слободното време
5 дел: Приредби 
6 дел: Изработка на книги со песнички
7 дел: Читање песнички

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Боенка - Пипи долгиот чорап
Обојте ја Пипи долгиот чорап
3
Марко Крале и самовилското млеко
Македонски народни приказни
3
Значењето на деновите во неделата
Седум дена во неделата и секој со свое значење и толкување...Доколку сакате да дознаете прочитајте го следниов текст и ...
3
Si funksionon imagjinata e femijes tende
Mund te jete e veshtire te kuptoni se cfare po mendon femija juaj, per shkak se aftesite verbale te femijes suaj nuk jan...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?