|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Учете англиски преку песнички - 1 дел

British Council, 3.9.2011
Помошта што децата ја добиваат од родителите во домот позитивно влијае на нивните достигнувања во училишните клупи.
Клучни зборови:

image
/11


 

Вашето вклучување во процесот на учење на вашето дете може позитивно да делува не само на неговиот став, туку и на брзината со која тоа учи. Помошта што децата ја добиваат од родителите во домот позитивно влијае на нивните достигнувања во училишните клупи.


Jim Knight, министер за образование во Обединетото Кралство вели: “Родителите имаат за шест пати поголемо влијание врз процесот на учење на децата отколку наставниците”. Постојат едноставни начини на кои можете да го охрабрите своето дете и да му помогнете да стекне самодоверба да го користи англискиот јазик.


За да им помогнат на родителите, експерти за образование Британскиот совет направија нови производи и услуги наречени “Learn English family (Учење на англиски јазик со семејството) ”. Се надеваме дека ќе уживате во нивното користење со вашите деца. Впрочем заедничкото учење е забавно!


Искуството што Британскиот совет го стекна ширум светот ни говори дека децата имаат поголеми изгледи за успех во учењето кога наставниците и родителите меѓусебно соработуваат.

 

Користење на песнички

 

Денес се смета дека едноставните детски песнички се пресудни во повеќето култури. Од моментот кога децата почннуваат да зборуваат, многу од нив сакаат да играат и да експериментираат со звуците, што е показател дека детето подоцна ќе ужива во читање и рецитирање на песнички. Повеќето деца поседуваат вештини и вроден нагон кој им овозможува да ги имитираат звуците и да ја запамтат јазичната содржина и посебниот ритам кој е карактеристичен за детските песнички.


Памтењето и повторувањето на песничките е само еден од многуте видови игри за малите деца. Песничките ги учат несвесно и без некаков посебен напор; за нив тоа не претставува тешка задача, како што може да е случај со возрасните.


Децата го истражуваат англискиот јазик преку игра со краткиот текст од песничките. Тие откриваат како јазикот функционира и се запознаваат со меѓусебниот однос на 44 гласови и 24 букви од абецедата- сите тие се информации кои , кога ќе почнат да читаат, ќе им помогнат во декодирање на гласовите кои ги сочинуваат зборовите. Вредноста и важноста од јазичните игри, кои ги вклучуваат и песничките во раното учење, често се потценуваат.


Песничките се разликуваат од едноставната поезија за деца. Тие во суштина се кратки и зависат од мелодичната употреба на гласот при рецитирање на текстот којшто содржи зборови кои се римуваат така што повторувањето на гласовите во привлечен ритам е лесен да се имитира. Традиционалните добро познати детски песнички понекогаш на англиски јазик се нарекуваат Mother Goose Rhymes или Nursery Rhymes. Многу од нив, како на пример, Twinkle, Twinkle, Little Star и Humpty Dumpty се сметаат за дел од британската култура.


Од друга страна, поезијата за деца помалку се потпира на јазичната игра, а повеќе на значењето кое поттикнува чувства, имагинација и откривање на идеи кои ја надминуваат непосредната околина на детето. Таквата поезија може да биде традиционална или модерна и претставува природна фаза кон која детето преминува од детските песнички кои ги познава од најраното доба. Тие обично се помалку познати и помалку е веројатно дека ќе се пренесуваат од колено на колено, како што е случај со детските песнички.

 

slika

 

Зошто песнички?

 

Песничките се преносливи играчки. Децата и родителите можат да ги рецитираат во секое време и на секое место за да го променат своето расположение или периодот на досада да го пополнат со забава. За песничките не е потребна никаква играчка, опрема или книга; гласот кој рецитира е доволен да ја поттикне играта. Некои песнички се пропратени со физички движења кои помагаат при утврдувањето на разбирањето и памтењето.


За малите деца, песничката претставува кратко, но комплетно искуство, кое одлично одговара на нивното ограничено внимание. Песничката е како компактна приказна: има почеток и крај и своја содржина. Штом децата ги сфатат овие делови, тие стануваат посигурни во себе, бидејќи знаат дека јазичната содржина е постојана, дури и кога брзината на рецитирање се менува со цел да биде во склад со расположението. Како резултат на привлечниот и разигран јазик, кој е сличен на оној што се користи во телевизиските реклами, и кратката содржина, децата лесно и брзо ги паметат песничките.


Малите деца сакаат веднаш да комуницираат на англиски јазик и ги фрустрира фактот што не можат да го кажат она што го сакаат. Песничките им овозможуваат од самиот почеток да почувствуваат дека можат на англиски „да кажат многу и да зборуваат со еднаква брзина како возрасните“. Чувството на задоволство кое го мотивира понатамошното учење не произлегува од забавата која ја чувствуваат додека играат на англиски јазик, туку од упорноста да ја завршат зацртаната задача, т.е. да ја научат песничката.


Учењето на англискиот јазик кај некои деца може да делува застрашувачки; знаењето песнички може да ги мотивира и да ги охрабри, особено во почетната фаза на учење, кога чувствуваат дека не напредуваат доволно брзо.


Малите деца, кои понекогаш се срамат да зборуваат на англиски јазик, често почнуваат да зборуваат токму кажувајќи им песнички на возрасните кои ги охрабруваат. Иако споделуваат непроменлив, забавен текст, нивната самодоверба расте сé додека не сфатат дека самите можат да ја изрецитираат скоро целата кратка песничка.

(продолжува)

 


2 дел: Одбирање песнички
3 дел: Како да рецитирате песнички
4 дел: Рецитирање песнички во слободното време
5 дел: Приредби
6 дел: Изработка на книги со песнички
7 дел: Читање песнички

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правината и кривината
Македонски волшебни приказни
4
Лав и лисица
Детско катче
3
Лав и глушец
Детско катче
3
Детето и пеперутката
Детски песнички
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?