|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Конечо дојде денот кога може да ги објавиме понудите кои добија најмногу гласови, како и добитниците на бесплатен семеен одмор.

image
/11


Трите категории Одмори на море, Континенатални одмори и излети и кампови добија свои победници, а оние кои гласаа секојдневно заслужено добија бесплатен семеен одмор.

 

ТОП СЕМЕЈНИ ОДМОРИ 2011 е единствено натпреварување на летни туристички аранжмани за семејства и деца. Организатори на натпреварувањето се членовите на водечката регионална мрежа на семејни веб портали ДАНУ. Тие веб портали се Ringeraja.mk од Македонија, Ringaraja.net од Словенија, Ringeraja.hr од Хрватска, Ringeraja.rs од Србија и Ringeraja.ba од Босна и Херцеговина).

 

На основа на преброените гласови од сите пет земји кои беа вклучени во овој натпревар победнички понуди во трите категории засебно се следните понуди:

 

Во категоријата СЕМЕЈНИ ОДМОРИ НА МОРЕ победник е понудата: All-inclusive одмор во недопрена природа - Безгрижен одмор за целото семејство во единствената населба Pine Beach Pakoštane – песочна плажа, еко бунгалови во борова шума, медитеранска кујна, забава за деца, и грст спортски активности, се само дел од понудата на оваа населба. Уживајте во летото за паметење со нашата all-inclusive понуда: сместување во бунгалови од трски, полн пансион (шветска маса доручек, ручек и вечера + безалкохолни пијалоци, пиво и вино без ограничување во текот на оброкот), спорт (пинг-понг, кошарка, фудбал, одбојка на песок, борење, аеробик, тенис, стреличарство, едрење, кајак), забава за деца и возрасни, лежалки за плажа, чувано паркиралиште.

 

Во категоријата КОНТИНЕНТАЛНИ СЕМЕЈНИ ОДМОРИ победник е понудата: Семејна авантура во бања Олимиа - Замислете го својот ден, пиејќи освежителен пијалок покрај базен, безгрижна забава со водени активности, ноќно капење, релаксација под искусните раце на масерите и откривање на локалните занимливости и традиција. Летото во бањите Олимиа е чудесно, опкружено се прекрасна природа, што ја потврдува и наградата за најубаво европско село во 2009 година. Во базените на термалниот парк Aqualuna и комплексот Термалија, ќе ужива целото семејство, а особено децата. За семејствата подготвивме посебен аранжман во хотел Бреза 4*, кој вклучува: 4 x полупансиони, капење во сите базени со термална вода (Wellness центар Термалија, хотелски базен, термален парк Aqualuna и бања Тухељ), акваеробик, попуст за влез во најголемиот сауна свет во Словенија, разговор со доктор и тестирање на видот во оптичкиот салон Глобец, ако кај нас поминете најмалку 4 ноќевања, размрдување за “Добро утро”, употреба на фитнес студио, богата програма на спортски-културни-забавни настани, детска забава во Мини клуб, забавно ноќно капење, и секоја вечер забава со жива музика во ресторан Липа. Наведената цена важи за аранжмани недела-четврток и понеделник-петок.

 

Во категорија ИЗЛЕТИ И КАМПОВИ победник е понудата: Незаборавната Венеција - Придружете ни се на незаборавно еднодневно патување со брод или катамаран (поаѓање од Пиран, Умаг, Пореч, Пула и Ровињ). Погодниот пат кон најубавиот град на вода, ќе го искористиме за краток вовед во богатата историја на градот, републиката „Serenissima“ и програмата. Веднаш по влегување на пристаништето на San Basilio во Венеција, ќе прошетаме до главниот плоштад на ова единствено место на земјината топка и по пат ќе ги откриваме неговите тајни и знаменитости. На плоштадот Св. Марко, ќе ја посетиме и работилницата на муранско стакло. Во попладневните часови ќе се организира ручек, возење со романтичните годноли и патување по најдолгата водена улица на светот – Canale Grande (со доплата за на брод).

 

A сега кои се среќните добитници на победничките понуди:

-  "All-inclusive одмор во недопрена природаi" -  maxkico@gmail.com, од порталот Ringeraja.ba

-  "Семејна авантура во бања Олимиа" -paicirida@gmail.com, од порталот Ringeraja.hr

-  "Незаборавната Венеција" - rdeca.masna@gmail.com , од порталот Ringeraja.net

Победниците се објавени и на страната за ТСО.

 

Им честитаме на сите и очекуваме фотографии од семејните одмори.

Ваша РИНГЕРАЈА!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Книгите на Наташа Малечка за прв пат на Са...
Во пресрет на годинешниот Саем на книга, со особено големо задоволство ви ги препорачуваме книгите на авторката Наташа А...
3
Караванот“Orbit подарува насмевка” започна!
Orbit караванот ја започна обиколката низ училиштата ширум земјата, преку која на забавен начин децата ќе научат како да...
3
Роса Школи-начин за справување со сите пре...
Здравото семејство, како примарна група во општеството која овозможува сигурност, чувство на припадност и емоционална бл...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?