|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Трудници, внимателно по снегот!

Редакција Рингераја, 2.12.2013
Движењето во поодмината бременост бара посебна вештина, особено ако улиците се прекриени со снег и мраз. Ризикот од можни паѓања се зголемува како бременоста напредува, бидејќи ослабените зглобови можат да предизвикаат губење на рамнотежата
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Паралелно со растот на стомакот се зголемува и лумбалната лордоза (закривување на долниот дел од грбот) што значително ја менува вообичаената положба на 'рбетот и бара прилагодување на новиот став, а тоа не е ни малку едноставно. Затоа се советува редовно вежбање, како и корекција на ставот, за да се сочува правилната положба  на 'рбетот и со тоа да се зголеми стабилноста на телото.

Зголемувањето на вкупната телесна маса ја поместува тежата кон напред, па стопалата се оптоварени поинаку, што влијае на промена на одењето. Иако се се одвива постапно, сепак тоа се големи промени во однос на навиките кои жената ги имала пред бременоста.  Често од стомакот не се гледаат нозете, па е тешко да се контролира движењето во случај на губење на рамнотежата.

Заморот го отежнува спречувањето на можни паѓања, кога треба да се реагира брзо. Затоа многу често трудниците говорат дека имаат чувство како да не се во своето тело и не можат со него да раководат.

 

Внимателно на улица

Ако имате да завршите некоја неодложна работа, а лошите временски услови сеуште траат, најсигурно е некој да биде со вас. Новогодишните и Божиќните празници сигурно не треба да ги поминете дома, но бидејќи тоа се денови во кои сите се во брзање, секако бидете повнимателни додека ја поминувате улицата, или додека се пробивате низ гужвата по замрзнатиот плоштад.

Важно е да носите обувки кои не се лизгаат, најдобро рамни или со ниска потпетица, за да не ја изгубите рамнотежата која е нарушена во бременоста.

Надвор секако ќе внимавате како се движите. Немојте да заборавате дека многу се лизгави и подовите во продавниците и рестораните – од снегот кој се внесува внатре – па тоа се можеби и најопасните места на кои може да се лизнете и да паднете.

Влегувањето во градски автобус исто така може да биде опасно и ризично во зимските месеци, па најдобро е да влегувате од кај вратата на возачот за да може да ве види и да почека со тргнувањето. Немојте да се срамите да побарате помош од спатниците, како и место за седење.

 

Фрактура на коските

Во најлош случај, при пад доаѓа до фрактура на коските. Ако раката или ногата е во некоја невообичаена положба, или исклучително многу боли при движење, најверојатно се работи за скршеница. Тогаш треба веднаш, без поместување на повредениот дел од телото, да се отиде во најблиската амбуланта, или да се повика брза помош.

Бидејќи се работи за трудница, која повеќе се грижи за бебето, отколку за скршеницата, најдобро е во овие случаи да се посети гинеколог, кој ќе го слушне срцето на бебето. Така ќе се смират и трудницата и бебето, кое веројатно и само реагирало на падот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Нега на кожата и косата во бременоста
Турбулентните хормонални активности оставаат трагови на кожата и косата на трудниците, што може да предизвика опаѓање и ...
3
Намалете ги утринските мачнини со...
Утринските мачнини претставуваат проблем кај повеќето трудници. Додека едни чекаат да им помине нагонот за повраќање сам...
3
Правилна исхрана во 1-то тромесечие од бре...
Здравите промени во исхраната на почетокот од бременоста ќе ви бидат од корист и вас и на бебето. Прочитајте ги нашите с...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?