|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Трудници! Десет факти за Вас!

Редакција Рингераја, 23.4.2021
Да Ве насмееме :)

image
/11


Може да Ви биде чудно, но потполно е нормално...

 

  1. Секој ден по терминот за породување ќе Ви изгледа како цел месец.

  2. Можеби ќе се разочарате ако плодовата вода Ви тече капка по капка. Веројатно повеќе би Ви се допаднало Вашиот водењак да пукне на работа, во продавница, или уште подобро – во ресторан “драматично и спектакуларно”, како во филмовите!

  3. Сите надежи кои ги имате во врска со породувањето, ќе избледат после еден час престој во породилната сала.
  4. Веројатно ќе бидете прилично изнервирани кога партнерот по петти пат ќе Ви каже “Кога се ќе заврши, ќе сфатиш дека болките вредеа”.

  5. Иако се подготвивте за потполно природно породување, нема да биде необично ако по првите контракции се предомислите. Ќе побарате епидурална и тоа ВЕДНАШ!

  6. Веројатно многу Ви пречеше кога на плажа Ве меркаа во костимот за капење, или гледаа во Вас во фитнес центарот кога обилно се потевте во тек на вежбањето...Во породилната сала сте голи, испотени и бучни. Како Ви изгледаат од овој агол проблемите од плажата и фитнес центарот?

  7. Можеби сте противник на епизиотомијата, но кога ќе дојде моментот на Вашето бебе да му се ослободи преминот на овој свет – нема да Ви изгледа како лоша опција. Напротив!

  8. Нека не Ве изненади ако посакате да ја удрите секоја личност од персоналот која во текот на породувањето (читај болките) ќе каже:”Добро Ви оди”.

  9. Немојте да се возбудувате заради разните крици кои ќе ги чуете во породилната сала, или гласното стенкање и пцуење. Во еден момент ќе сфатите дека потекнуваат токму од Вас! 

  10. Се породивте, добивте здраво и убаво бебе... Се чувствувате како најквалификувана личност на светот да делите совети за породување. Само напред!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јога вежби за опуштање на грбот
Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулат...
4
Викса: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
За Милица, која ја запознав во породилната...
Влегувам во породилната сала...На столот за породување стои млада личност која има дваесет години, слаба, со пропаднато ...
4
Се срамам од лузните во душата...
Се срамам од лузните во душата, иако не се гледаат. Јас ги гледам, јас ги чувствувам. На секоја промена на времето ми пр...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?