|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Трогателна приказна на мајка која изгубила бебе

Редакција Рингераја, 6.11.2015
Натали Морган заспа една септемвриска ноќ, чувствувајќи ја својата неродена ќерка, Еленор Џосефин како клоца во стомакот. Кога следното утро се разбуди, знаеше дека нешто не е во ред...

image
/11


 

Кога со сопругот Брајан пристигнаа во болницата, се потврди нивниот најголем страв: Еленор починала.

Откако ја роди веќе починатата ќерка, Натали реши да ја раскаже приказната за раѓањето на Еленор на Фејсбук, за така да ги охрабри новите родители да го негуваат секој миг поминат со нивните деца, и покрај бессоните ноќи и плачењето.

„Ќе има денови кога детето ќе ви вреска и плаче секој пат кога нема да го држите во раце. Или ќе плачат и додека ги држите, без оглед што сте направиле сè што ви паднало на памет за да престане. Ќе има бессони ноќи, повеќекратно менување пелени за неколку минути, бебешки лиги во косата, дамки од урина на вашата блуза, а рацете полни со бебешки какушки - сево ова проследено со пискотиници и плачење не само од бебето, можеби и од вас. Секој пат кога тоа ќе се случи, секој пат кога ќе се чувствувате фрустрирано и ќе сакате да избегате, ве молам, запомнете ја мојата приказна.“ Ова го вели Морган во нејзиниот Фејсбук пост, кој по објавата стана вирален.

Понатаму во постот, Морган искрено ја раскажува приказната за животот и смртта на Еленор, нејзиното породување и на крајот, збогувањето со ќерката.

 

„Ми понудија епидурална, но не можев. Морав да поминам низ тоа. Ми требаше болката, агонијата и мизеријата, за да го отсликаат она што го чувствував во себе. Тоа беше најтешкото нешто што сум го направила во животот. Воопшто. Неподносливите контракции, болките низ целото тело... знаејќи дека сето тоа е за ништо. Раѓав мртво дете. Нема да има среќа на крајот за да ја заборавам болката. Таа, за разлика од мојата ќерка, ќе живее засекогаш,“ додаде таа.

 

Морган го завршува емотивниот пост со молба до родителите: „Сè што барам од вас е во тешките моменти со бебето, кога сте да граница да спобудалите и мислите дека не можете понатаму, кога спиете само по час или два навечер, наместо да се молите детето да ви заспие и кога сте полни со фрустрација и премор, најдете малку сила во вас за да продолжите, искажете една молитва за благодарност за вашето дете, колку и да е тешко во моментот. И ако сакате, помолете се за мене и за сите мајки чии што деца судбината им ги зела прерано. Помолете се за мојата мала Еленор, која никогаш го виде животот надвор од мојата матка.“

 

Морган вели дека она што почнало како мал израз на нејзината длабока тага, резултирало со бура од поддршка од целиот свет - родителите фрустрирани од плачливите новороденчиња и пишале во знак на благодарност што им ја променила перспективата, додека родителите на мртвородени бебиња се понудиле да ја сослушаат и да бидат рамо за плачење.



„Не сум првата мајка кога родила мртвородено, така што мојата приказна не е единствена - но толку ретко се зборува за тоа, што немав претстава колку трауматично и поразително искуство претставува,“ вели Морган. „И бидејќи за ваквите случаи ретко се зборува, мислам дека постои едно мислење, дури и на едно потсвесно ниво - дека тие никогаш не постоеле или не биле важни.“

Морган вели дека по раѓањето на Еленор, честопати морала да ја потисне потребата да викне за сите да ја чујат, дека таа родила ќерка која живеела и која многу му значи на нејзиното семејство.

„Нејзиното раѓање беше нејзината една и единствена приказна што би можела да ја раскажам, и морав да го сторам тоа,“ додава таа.

Морган има и 22-месечен син, Алфи. Таа вели дека се сеќава како се надевала дека Еленор полесно ќе заспива од него - коментар за кој сега ги охрабрува родителите да не го даваат.

„Знаев дека многу од нашите пријатели имаа слични ноќи со децата, или ќе имаа откако ќе ги донесеа на свет. Знаев дека ќе имаат многу мигови на нервоза и очај, но сакав да знаат колку се тие скапоцени,“ вели Морган. „Пред помалку од месец шетав наваму-натаму, грижејќи се за бессоните ноќи што ме очекуваат, а сега нема што не би дала за да поминам низ таа фаза со ќерка ми.“

Додека Морган и нејзиното семејство се обвиени во тага, таа вели дека и натаму ќе ја раскажува нејзината приказна на Фејсбук, во надеж дека ќе го одржи споменот за Еленор и ќе ги мотивира другите да ги ценат миговите поминати со своите деца.

„Мислам дека стравот на секој родител е дека неговото мртвородено бебе ќе биде заборавено. Тешко ми е да се соочам со фактот дека секогаш ќе има еден дел во семејството што ќе недостига, а никој освен нас нема да го знае тоа,“ вели Морган.

„Сакам да повторам дека мртвороденото дете сепак е дете што живеело. Знам дека ова е вистина, бидејќи чувствував како ќерка ми мрда. Ја чувствував како танцува. Ја чувствував како живее во мене. Таа можеби никогаш не зеде воздух надвор од моето тело, но таа постоеше, таа ми беше важна и беше и уште е сакана оттука па сè до небото.“

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
7
Бенефити од контакт кожа на кожа во првиот...
Првиот час по раѓањето на бебето често се нарекува “Светиот час”, бидејќи тоа е толку посебно време. Вашата кожа е најпр...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?