|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ТОШЕ - еден и единствен!

Редакција Рингераја, 4.5.2010
“"Светлина" - да тоа беше нашиот Тоше, тој што ни светеше, тој што не грееше. Со неговиот ангелски глас ги разнежуваше нашите души, ги полнеше нашите срца. Ни пееше, ни свиреше, не сакаше, поттикнувајќи не и нас да пееме и сакаме. Горди сме што тој беше дел од нас и покрај нас, си замина но не не остави. Постојано е со нас и во нас, гледајќи не од неговата звезда. Ти не замина, ти отиде да светиш за нас, да ни го осветлиш патот по кој чекориме. Вечна слава. Среќен роденден.” – Бетпет
Клучни зборови:

image
/191


Ова е само една од многуте пораки со кои нашите корисници му го честитаа роденденот на нашиот непребол, нашиот незаборав, нашиот еден и единствен Тодор Тоше Проески. Замина и остави празнина во нашите срца, празнина голема како вечност. Но, можеби токму поради тоа замина, да оставиш празнина која треба да ја исполниме со љубов, бидејќи ти беше човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

“Се роди два пати - денес и…  во она кобно утро кое не разнесе и сите го проколнавме. А само Сонцето беше среќно што назад си го зеде својот најблескав зрак. Одживеа совршено. Не прозвучи лошо за никого, не фрли со огнени копја (зборови) за да не прободи нечија кревка душа. Пламенот го чуваше во себе. Волшебно дете на љубовта со најголема емотивна интелегенција, кое дојде бакнувано од Бога, замина бакнувано од луѓето. Овенчано со златен ореол, исполнето со ангелски блесок. Божјиот пратеник, Божја тајна која треба да ја одгатнеме и да се запрашаме зошто беше тука и зошто отиде. Денес на Тоше му е роденден. Славете му го најубаво и највесело што може, а и именденот - тој тоа го сака. Запејте, заиграјте, подарете, изговорете убави зборови, насмејте се, загледајте го в очи ближниот. ТОШКА СРЕЌЕН РОДЕНДЕН” - Мис

Се ближеше неговиот роденден и Концертот во чест на Тоше кој се водеше под мотото „Со хуманост до светлина“. Средствата што се собраа од овој хуманитарен концерт  се наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, односно за негово осветлување.

Тоше ги сакаше децата, и често пееше и работеше за да им помогне на оние дечиња на кои им беше потребна помош. За нас Рингерајци дечињата се најголемото богатство, и сме благодарни на сето тоа што Тоше го правеше за малите ангелчиња. За Тоше семејството беше свето нешто, а сите Рингерајци знаат да го ценат своето семејството, а покрај своето имаат и уште едно големо Рингераја семејство. Се со цел да докажеме и покажеме дека срцата и мислите на Рингераја членовите секогаш ќе бидат насочени кон Тебе и дека Ти си дел од секое семејство и дел од нашето Рингераја семејство се обидовме преку неколку активности да го одбележиме твојот роденден и на Рингераја.

Се организиравме заеднички да одиме на концертот, заедно да се забавуваме во чест на Тоше и да допринесеме за исполнување на неговата желба. Со нетрпение го чекавме моментот, преку дискусиите на форумот и идејата да направивме и маички со зборовите ТОШЕ РИНГЕРАЈА ТЕ САКА. Изработката на маички стана реалност благодарение на Анушка и OFFICE PLUS, кои несебично ја помогнаа оваа иницијатива и ги направија маичките за нас.

24 јануари, сала “Борис Трајковски”, 20 часот. Река од луѓе, сите брзаат кон салата, измешани емоции, неизвесност, трепет и очекувања се мешаа, но фразата дека времето лекува се, дефинитивно не важи во случајот на Тоше Проески, бидејќи се уште силно се чувствува тагата по овој ангел кој царува во срцата на илјадници негови обожаватели. Дел од таа река на луѓе бевме и ние, се разликувавме од останатите, бидејќи освен што нашите срца беа преплавени со емоции кон нашиот Тоше, во едно мало катче во нашите срца гореше и љубовта кон Рингераја!

Концертот започна, песните кои Тоше ги компонирал, а ги пееја неговите пријатели, најголемите балкански ѕзвезди не можеа да ја пополнат празнината во салата која иако беше преполна, се чувствуваше како лебди насекаде околу нас. Се ќе беше совршено да беше уште ти голем човеку тука! Се ќе беше совршено да се појавеше на сцената и кажеше ВЕ САКАМ СИТЕ! Празнина како вечност, која овој концерт не ја потполни, туку ја поткопа раната на срцето, онаа лузна што ја носиме сите по твоето заминување...

“Минува времето, не верувам дека те нема

Постојано прашувам: Зошто баш тебе те зема

Ја чекав твојата мила насмевка и милозвучен глас

Барем за момент да ми понудиш спас.

Очекував... а не се појави на сцената

Верувај – ќе ме исполнеше целата!

Сега си на небото, но секогаш во срцето мое,

Оваа песна е за името твое.

Ти си моето македонско сонце и без престан грееш,

Мирно и спокојно на ангелите им пееш.

Човек како тебе само еднаш се раѓа

Почивај во мир и нека ти е вечна слава!!!” - Професорица

“Нема што да се каже, измешани емоции, но некако ми беше чудно. Неговите песни, појавата на неговиот татко на отварањето, изведбата на оркестарот на Кристијан, последната песна испеана од сите заедно- тоа беше она што ми го стегна срцето. Не можам рамнодушно да ги слушам неговите песни, сега кога го нема. Иако новите песни се прекрасни, сепак недостасува една нишка да бидат комплетни, недостасуваат неговите емоции кои толку добро знаеше да ги внесе во една песна. Се надевам само дека со концертот помогнавме сите неговата последна желба да се исполни што побрзо- манастирот да се освети и да стане центар на сите оние кои го сакаат Тоше” - Мами

Вака дел од нашите рингерајки ги опишаа импресиите од концертот во чест на Тоше. А за целата атмосфера во Рингераја албумите можете да ги погледнете сликите кои ги направивме вечерта со нашите апарати.

“Кога човек ќе го изгуби она што го сака, живее само да се сеќава на она што го изгубил. Тоше знај – има кој да се сеќава на тебе!”

Рингераја подели 29 маички во чест на роденденот на Тоше и сите пораки од нашите корисници беа на свој начин оригинални, на свој начин исполнети со емоции, исполнети со порака дека никогаш нема да дозволиме да те покрие превезот на бескрајниот заборав, бидејќи вечно ќе те носиме во нашите срца! Честитките за Тоше погледнете ги тука

Човекот кој имаше огромен талент, огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина, тоа беше Тоше Проевски – еден и единствен!

Се надеваме сега си помирен, кога знаеш дека во Твојот манастир свелина ќе блесне!

А доколку остана нешто недоречено, нешто што сакате да му кажете на нашиот Тоше, да му оставите порака, направете го тоа во темата Тоше Рингераја Те Сака!

Рингераја изразува огромна благодарност до Office Plus.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Борете се за детските права
,.Детската недела,, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена.
3
Првото бебе во 2021 година е машко
Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vi se slucilo nekogas da nemate sto da oblecete,iako plakarot vi e prepoln so garderoba?

Da (80%)

Ne (0%)

Ponekogas (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!