|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Типови интелигенција кај децата

Редакција Рингераја, 1.7.2016
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете да ја развие неговата дарба успешно:

image
/11


 

Интелигенцијата кај едно дете не секогаш се изразува во добри оценки во училиште. Често најтешките деца развиваат неочекувани способности. Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете да ја развие неговата дарба успешно:

За да дознаете што го интересира  вашето дете, не треба ништо повеќе од тоа да погледнете во него. Набљудувајќи го темпераментот и преференциите на детето ќе научите да препознаете, од кои работи се срами и кои го тераат да се чувствува добро. Токму врз основа на овие откритија, можете да му помогнете на вашето дете да ги развие своите интереси.

Децата кои зборуваат многу, имаат способност да ги разбираат другите

Дете кое сака да зборува и да се шегува со пријателите и роднините е надарено со извонредна социјална интелигенција.

Тоа се изразува во способноста да разбира, да споделува со другите и да ужива во друштво.

Овие квалитети се особено важни во светот на социјалните мрежи, во кои живееме денес и тешкотиите кои ги чувствуваме при комуникацијата во живо. Ако вашето дете е екстроверт, помогнете му да ги развие своите комуникациски вештини и да ги користи.


Децата кои сакаат да се движат, постојано комуницираат со телото


Има деца кои се исклучително активни и не можат да стојат на едно место ни за секунда. Тоа не треба да ви пречи, бидејќи токму движењето е знак кој ви покажува дека вашето дете поседува телесно-кинестетска интелигенција.

Не случајно со неа се обдарени спортистите, танчерите, актерите и занаетчиите. Затоа би било корисно да го запишете на часови по танцување, глума и слично, за да му помогнете да ги доразвие способностите и истовремено со тоа да го смирите.

 

1

 

Децата кои живеат во свој сопствен свет, можат да гледаат внатре во себе

Децата кои се затворени и сакаат да се сами и да набљудуваат, поседуваат интерперсонална интелигенција.

Тие имаат способност да гледаат во себе и да ги анализираат сопствените чувства.

Овие способности ќе им бидат корисни во иднина за да работат концентирано и самостојно.

Важно е да му помогнете да стане отворено и да комуницира со околината. Разговарајте почесто, замолете го да ви раскаже што го возбудува.

 

2

 


Децата кои може да се справат во различни ситуации, ќе станат стратези


Интелигенцијата не се изразува само во знаењето и добрите оценки. Има деца кои покрај своето знаење, не успеваат да се реализираат како возрасни, бидејќи не умеат да се справат со тешкотиите.

Стратешката интелигенција е оној квалитет што ти овозможува да наоѓаш решение дури и во ситуации кои ти се чинат безнадежни.

Стимулирањето на  овие квалитети е особено важна задача за секој родител. Развијте ја кај детето креативноста и рационалната мисла истовремено преку различни активности -  Игрите се соодветна опција.


Децата кои летаат во облаците, сонуваат со голема прецизност

Децата кои се определени како мечтатели поседуваат друг тип интелигенција, која се нарекува визуелно-просторна.

Тоа е типично за морнари, архитекти, склуптори, како што им овозможува да се ориентираат и да замислат како би изгледале со точност предметите во просторот дури и да не се пред  нивните очи.

Корисно за таков тип деца се поставување на конкретни задачи - на пример редење на мозаик. Исто така може да го провоцирате да го опише просторот кој го познава, како на пример неговата соба.

Сите квалитети кај детето - добри и лоши се важни за отворањето на типот интелигенција, која ја поседува. Следете ги  работите кои му се интересни и успева да ги прави со леснотија, но не заборавајте и за мааните, бидејќи и во нив понекогаш се кријат способности.

 

3


Препознавањето на знаците, дури и при повеќето ексцентрични вештини кај децата, може да се случи само при здрава врска помеѓу детето и родителот. Запомнете дека талентите на вашето дете може да се развијат целосно само ако тоа се чувствува сакано, сигурно во себе и има поддршка од блиските.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4
Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
4
Врската меѓу оралното здравје и функцијата...
Сите знаеме дека секојдневното четкање и употребата на конец може да спречи губење на забите, расипување и гингивитис. С...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?