|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Телесна тежина на новороденото бебе

Редакција Рингераја, 15.12.2021
Телесната тежина на бебето делумно зависи од тоа колкав е вашиот прираст на тежина во бременоста, а нормалната телесна тежина е многу важна за здравјето на новороденчето

image
/11


За нормална телесна тежина се смета онаа меѓу 2.812 и 4.173 грама, иако идеалната телесна тежина би била онаа околу 3.500 грама. Децата родени со таа телесна тежина имаат помал процент на смртност, помалку телесни и душевни оштетувања, помалку тешки болести во детството и подобар почеток на животот отколку децата родени со ниска родилна тежина.

Повеќето бебиња родени во термин (меѓу 37. и 41. недела) ќе бидат тешки меѓу 2.812 и 4.173 грама и ќе бидат долги меѓу 48 и 53 cm.  Детето може да биде помало или поголемо од наведените вредности и понатаму да биде со добро здравје, бидејќи големината на детето зависи од конституцијата на мајката, од фамилијарната анамнеза и генетика. Дали Вашето дете расте и се развива правилно, ќе Ви каже Вашиот педијатар.

Повеќето бебиња, во неколкуте денови по раѓањето, ќе изгубат во тежина, обично 300 – 500 грама. Тоа се случува заради размената на течности во детскиот организам и навикнувањето на нов начин на исхрана и тоа не претставува причина за грижа. Но ако детето изгуби повеќе тежина значи дека постои некој проблем и тогаш треба да се посоветувате со педијатар.

Тежината на бебето е добар индикатор за неговото здравје така што растот во тежина ќе биде внимателно надгледуван од Вашиот педијатар. Детето кое има правилен прираст во тежина во главно нема здравствени проблеми.

Бебињата родени со помалку од 1.500 грама се бебиња со исклучително ниска тежина на раѓање. Само 1.5% од вкупно родените бебиња се раѓаат со оваа тежина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
4
Запознајте ја мајката која дои туѓи деца
Иако доењето туѓи деца беше совршено вообичаена професија во минатото (доилките беа особено пожелни во аристократските и...
4
Изберете безбедна и удобна опрема за бебе
Една од најважните работи кои треба да ги направите во текот на бременоста е купувањето на опрема за бебето. Секоја тр...
4
Фото: Снежана Лупевска со синот
Новинарката Снежана Лупевска Созен во јули годинава се породи со своето прво дете. Со сопругот Ерџан го одбраа името Мик...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?