|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Татковците да се стимулираат да користат породилно

Редакција Рингераја, 8.11.2017
„Правото на породилно отсуство татковците слабо го користат, и можеби треба да се размислува за стимулативни мерки. Но за тоа треба широка дебата“, вели министерката Мила Царовска. - На настанот за унапредување на социјалното претприемништво

image
/11


 

Татковците слабо го користат правото за родителско отсуство за нега и грижа на новороденчето, и треба да се најде начин тоа да се стимулира, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.  Таа смета дека е потребна широка и издржана дебата за предлогот на граѓанската иницијатива породилното отсуство да се зголеми од девет на 18 месеци, за кој што група пратеници веќе предложија измени на Законот за работни односи во Собрание.

„Мислам дека треба низ дебата да видиме што ќе добиеме, а што ќе изгубиме ако имаме 18 месеци породилно отсуство. Да видиме дали тоа треба да го врземе само за жената или треба да имаме некакво условно породилно отсуство, кое ќе биде платено и за другиот партнер. Особено ако го користи едниот дел таткото, а мајката може да го користи другиот дел или обратно. Без родова застапеност или еднаквост во едно општетсво не може да одиме напред“, вели Царовска.

Таа вели дека и според сегашните законски прописи татковците можат да користат платено породилно отуство место мајката, со тоа што мајката ќе биде на породилно одреден период на почетокот, а потоа да ја замени таткото, како и да користи дополнителни три месеци неплатено отсуство.

„Ова право татковците слабо го користат, и можеби треба да се размислува за стимулативни мерки. Дали тие стимулативни мерки би биле да се плаќа поголем придонес, или пак да се направат законски измени со кои еден дел од породилното отсуство ќе биде задолжително и за татковците. Но, тоа се само идеи и за тоа треба широка дебата“, вели Царовска.

Половина од жените во Македонија не се активни на пазарот на труд и општеството не го користи нивниот потенцијал.
„Нека се предложи ако треба да се предложи, но и да се види дали треба да се вклучат двата родители во користење на ова право затоа што и татковците и мајките н? се потребни за детето да биде здраво и психички и физички“, вели Царовска.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?