|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Таткото е најважна фигура во животот на девојчето!

Редакција Рингераја, 6.5.2022
Од принц на белиот коњ, татко ми стана мое друштво при пиење, пеење и плачење, мој финансиски советник и низ сето тоа, тој секогаш имаше дел од моето срце кај себе. Заради тоа тој е најважната машка фигура во мојот живот...

image
Татко и ќерка
/11



Кога имав пет години влегов во дневната соба во облека од Дизни принцеза, со наметка и во раката држев цвеќиња. Не го прашав, туку му реков на татко ми да се ожени со мене. Тој се согласи да ја одигра улогата. Мајка ми беше свештеник, а ние ги кажавме заклетвите. Сега, 26 години подоцна, се уште се надевам дека ќе најдам некој кој има барем половина од срцето на мојот неверојатен татко.
Од принц на белиот коњ, татко ми стана мое друштво при пиење, пеење и плачење, мој финансиски советник и низ сето тоа, тој секогаш имаше дел од моето срце кај себе.  Заради тоа тој е најважната машка фигура во мојот живот и ќе продолжи да биде се додека не се појави некоја исклучително маркантна личност.
 
Еве 14 причини зошто таткото е најдобар:



Тој ве учи да бидете храбра (бидејќи ако паѓате тој е таму да ве фати)

Татко ми ме научи да возам автомобил, велосипед, да управувам џет-ски. Секогаш се плашев да ризикувам – дури и ако тоа е само нуркање, тато ме потсетуваше – “Ти си тигар, можеш да направиш се!” Се уште си го велам тоа кога се плашам.

 

Ви покажува што е вистинска љубов, со начинот на кој ја третира вашата мајка

Кога момчињата ќе ми го скршеа срцето, во текот на годините, татко ми ме потсетуваше дека кога ќе го најдам вистинскиот, нема да имаме многу несогласувања. Кога татко ми ја сретнал мајка ми, не се двоумел. И покрај тешките и напорни денови, кои одат рака под рака со бракот, тој никогаш не престанал да ја сака мајка ми. Татко ми е светол пример за тоа како еден човек треба да третира жена.


 Тој секогаш ве засмејува, особено кога сте нерасположена

Татко ми отсекогаш давал живост на секоја забава и иако неговите шеги не биле секогаш смешни, задолжително од мене добивал насмевка. Неговата омилена фраза е: “Може пица?”, на што јас секогаш возвраќав со насмевка и велев “Татооооооооо”.


 Ви испраќа убави пораки, точно кога ви требаат

Откако мојот татко има смартфон, не престана да ми испраќа пораки. Понекогаш тие се за времето, или за потсетување дека треба да ги платам даноците, но во ноќите кога се чувствувам немоќно и ќе му испратам порака дека ми недостасува, тој ми одговара: “Те сакам убава моја ќеркичке. Најубавиот ден во мојот живот беше кога се роди ти. А понатаму следуваа и поубави денови.” Тато знае како да ме издигне во небото.



Тој ве учи како да смените гума или масло на вашиот автомобил, но со задоволство ќе го направи тоа наместо вас, ако побарате.


Или кога сте болни, тој во средина на ноќта ќе ви донесе пилешка супа, а вие со задоволство ќе ја прифатите.



Тој магично ги знае одговорите на сите финансиски прашања

Секогаш кога треба да знам колку пари треба да ставам на мојата картичка или каде да инвестирам, татко ми не само што ги знае одговорите туку и ми испраќа e-mail со детални инструкции.



Тој е повозбуден од вас за вашето прво легално испиено пиво

Веднаш откако наполнив 21 година, татко ми и јас отидовме во град и сакаше да ме однесе во еден познат локал. И мајка ми сакаше да дојде, но ние одлучивме да одиме сами на пиво. Тој ден нема никогаш да го заборавам.


Ве потсетува дека ќе знае кој е вистинскиот за вас, дури и кога вие нема да знаете

По се изгледа, ќе ја има истата искра во очите која ја имал и тато кога ја запознал мама.

Тој вели ДА...посебно во моментите кога мама вели НЕ

Нема да потврдам дека со тато планираме патување до Шангај со балон, но нема ни да одрекнам. Единственото барање на мајка ми е таа да не знае за тоа. Договорено!


Ве охрабрува да бидете независни

Постои домашно видео, од времето кога сум имала три години, во кои татко ми ме држи со едната рака и ме охрабрува да скокам. Мајка ми исплашена го убедува да запре, бидејќи гледа дека сум малку вознемирена. И секојпат кога исплашена ќе погледнев во него, тој велеше: “Можеш да го направиш тоа”. Сега одвреме навреме ми го кажува тоа повторно и горд е што ги следам своите соништа. Овие зборови со кои ме охрабрува ми значат многу.



Тој има можеби  најопасна професија и сите во него гледаат со стравопочит, но неговите нокти еднаш беа розеви.

Жал ми е тато, но тоа е вистина. Можеби си се борел со пожари 25 години, си поткревал планини и изгорени куќи....но твоите нокти еднаш беа розови. Имам и слика, да!

Тој е првиот маж со кој сте играле валцер

...и човекот со кој ќе го одиграте вториот валцер на вашата венчавка. Знам дека ќе биде волшебно да го одиграм првиот валцер со мојот сопруг, но со него ќе одиграм уште безброј валцери во животот. На мојата свадба, сакам да одиграм валцер и со тато.

Заврши времето кога тато го јавав како коњче, но модификациите на таа игра се уште траат

Дефинитивно сум многу голема за тато да ми биде коњче, но се уште одиме на авантури – во посета на Њујорк, со брод  до Северна Каролина или возење во хеликоптер како подарок за Божиќ.

 

Тој ќе го гледа цело првенство во ракомет кога лежите болна во кревет

Ти благодарам тато што не ме остави сама и осамена во моментите кога бев болна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
6
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Фото: Бебето на Андријана Будимир
Максим има три месеци и цел е на мама Андријана. Уверете се сами...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?