|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Татјана Стојановска: Сакам пак да бидам мајка

Елена Стефановска, 29.7.2013
Задоволна од она што го пружа на публиката, работлива, искрена, истрајна, отворено зборува за разводот со Благоја Груевски, секогаш верува во љубов и повторно вели дека би сакала да се оствари како мајка

image
/11


 

 

Жена која вели дека секогаш ги разбира мажите. А со што може да ја освои еден маж, а со што може да ја одбие? - Една од најубавите тв презентерки во Македонија, Татјана Стојановска, која се прослави уште како манекенка, ја освои титулата Мис на Македонија во 1992 година, а минатата година прослави јубилеј – 20 години на македонскиот етер, како водител на многу емисии, модератор на многу настани кај нас, презентер на вести, во отворено и искрено женско интервју за порталот Точка.

Tања во моментов си презентeр на вестите на Канал 5 ТВ, колку си задоволна од работата и какви се реакциите на публиката?

Татјана: Минатата година oдбележав 20 години од мојата телевизиска кариера, што е навистина голем период на созревање и стекнување искуство, во кој имав различни телевизиски ангажмани, но главно најголем период како презентер на вести. Задоволна сум од себе во она што го давам во тој мој телевизиски ангажман. Мислам дека тука и најдобро пливам иако понекогаш ми недостасуваат и ангажманите како водител на емисија. Но таа носталгија ја надминувам со водење на некои настани кои ги имам како повремени ангажмани. Сметам дека и покрај долгогодишното мое присуство на екранот не сум им здодеан лик на гледачите. Коментарите за мојата работа од нив секогаш се позитивни.

Од кого најтешко ги примаш критиките?

Татјана: Никогаш не гледам тежина во добивање негативни критики. А секако сметам дека гледачите се оние кои нас и најреално не оценуваат, затоа што за нив и работиме. Тие се најкомпетентни да ја оценуваат нашата работа. Среќна сум што критиките кои ги добивам од гледачите генерално се позитивни, но јас сакам да ми се укажат и грешките доколку ги имам. Негативните коментари ги примам како позитивни и добронамерни од секого. Знаете, нашата работа е јавна и не гледаат милиони луѓе, затоа треба да бидеме беспрекорни и да одговориме на вкусовите на целата публика. Затоа на негативните критики гледам позитивно, тие се коректив за нашата работа.

 

1

 

Плаќа ли жената висока цена за успешна кариера?

Татјана: Јас и не се сметам себеси за човек кој е оддаден само на кариерата. Секогаш сум настојувала да се впуштам во работата до таа мера до која таа не би ми го нарушила спокојството и не би ми го одземала времето за семејството и приватниот живот. Така што не правам жртви за сметка на кариерата. За се’ си има време ако добро се организираш. Засега тоа добро го менаџирам.

Има ли рецепт за успех?

Татјана: Работливост, истрајност, искреност, фер игра со сите, и вложување во знаење е формулата за успех, според мене. Само доколку сите овие работи ги почитуваме успехот ќе биде траен. Секој друг начин на однесување може да даде само моментален успех.

 

2

 

Тања која е најголемата непријатност која ја доживеа откако стана позната личност?

Татјана: Не сум доживувала многу непријатности поради тоа што сум јавна личност. Напротив има многу повеќе предности отколку недостатоци. Јас се навикнав да го живеам овој живот, и гледам мојата приватност да ја зачувам колку можам од јавноста, но и не се стегам премногу затоа што тоа може да премине во гушење. Освен еден-два написа во жолтиот печат за мојот приватен живот кои биле сосема невистинити, не сум имала некои поголеми непријатности. Но и на тоа гледам како на бизнис на жолтите весници, кои ете за жал не искористуваат нас јавните личности во борбата за поголем тираж.

Има ли вистина во тоа дека мажите се паднати од Марс, а жените од Венера?

Татјана: Да и тоа многу. Ја имам читано книгата Мажите се од Марс, а жените од Венера многу одамна и навистина тогаш увидов дека на иста работа многу различно реагираме и размислуваме. Но спротивностите се привлекуваат. Така што кога би биле исти не би се вклопувале.

Постои ли нешто што никогаш не можеш да го разбереш кај мажите?

Татјана: Не постои такво нешто. Јас потполно ги разбирам мажите кои мене можат да ме разберат. А оние кои не ме разбираат не се ни обидувам да ги разберам. Штета за оние кои не ме разбрале, па поради тоа и ме изгубиле. Не ги генерализирам сите мажи, т.е не ги ставам во ист кош.

 

3

 

Колку разводот со музичарот Благоја Груевски остави трага во твојот живот?

Татјана: Воопшто никаква негативна трага не ми остави разводот, туку напротив стекнав некое искуство и поука од сето тоа. Јас не се вртам назад и гледам во иднината , а од минатото собирам искуство и се сеќавам само на убавите моменти. Матеј е најголемото мое богатство кое го добив од тој брак.

Дали е можно да се остане во добри пријателски односи со бившиот сопруг?

Татјана: Јас тоа и го доживеав, така што значи дека е можно. Нема потреба да си создаваш непријатели од луѓето со кои имаш нешто што ќе те поврзува секогаш, а тоа се децата. Со тоа си правиш штета само себе си.

Дали некогаш во некој момент си се чувствувала виновна за некој љубовен пораз?

Татјана: За се’ треба двајца, и за љубов и за разделба. Така што за секоја ситуација што ми се случила во животот се чувствувам подеднакво виновна. Никогаш не ги обвинувам само другите за нешто, туку и себе си затоа што можеби и ние сме ги предизвикале, некогаш и несакајќи, да се однесуваат некако.

 

4

 

Што може една жена да ја направи попаметна во љубовта, љубовните победи или порази?

Татјана: Поразите не прават поцврсти и поискусни, а победите ни ја хранат душата, не облагородуваат и не охрабруваат. И двете работи не прават попаметни. Ако немаме порази нема да можеме да ги цениме победите.

Веруваш ли во повторна љубов?

Татјана: Јас секогаш верувам во љубовта и сакам да ја доживувам затоа што ако немаме љубов немаме животна енергија. Стануваме сурови и бесчувствителни.

Со што може еден маж да те освои?

Татјана: Со добрина и искреност. Со грижа и присутност во мојот живот.

А да те одбие?

Татјана: Со неискреност, невнимание и неорганизираност.

Што претставува за тебе семејството?

Татјана: Топлина и заедништво. Сплотеност и хармонија.

Што значи да се биде родител во ова време?

Татјана: Родителството е најблагородната обврска која може да ја доживее еден човек, но и голема одговорност. Децата се исти во секое време, само ние родителите сме поразлични сега од некогаш. Ги галиме и им удоволуваме премногу и на тој начин го губиме авторитетот. Ако се прави се’ со мерка, со љубов, но и со правилно поставување на улогите ништо не е тешко.

 

4

 

Се сметаш ли за идеална мајка, мислиш ли дека идеална мајка е само онаа која ќе се посвети искклучиво на децата?

Татјана: Секако дека не сум идеална мајка, но се трудам да бидам. Пред се’ се поставувам пријателски со Матеј и имаме доверба еден во друг. Блискоста е многу важна, да се биде тука кога му требаш, но не и да го гушиш детето со својата пристрасност. Посветувањето на детето не значи ти да се изолираш од се’ и само да бидеш дома, да им готвиш да ги чуваш и да ги извршуваш обврските околу децата, туку да поминуваш квалитетно време со нив, кое може да е неколку часа дневно но да има ефект таа комуникација.

Каков однос имате со Матеј, дали отворено разговарате за се’ или постојат некои табу теми за кои се уште не можете да разговарате?

Татјана: Ја одржуваме блискоста и за се’ гледам да разговараме отворено. Не сакам да правам барикади меѓу нас.

 

5

 

Дали би сакала повторно да се оствариш како мајка?

Татјана: Секако дека би сакала. Децата се најдобрата инвестиција. Иако веќе сум накај 40-тата година од животот не губам надеж.

Според твојот изглед би рекла дека се стремиш да го достигнеш совршенството. Како успеваш во тоа?

Татјана: Ништо специјално не правам во тој поглед. Се одржувам во границите на возможното, достапното.

Што се’ трпиш заради убавината?

Татјана: Сега за сега освен борбата со килограмите и воздржувањето од храна не трпам многу за да ја одржам убавината.

 

6

 

Се плашиш ли од тоа како поминуваат годините и стареењето?

Татјана: Не се плашам од староста, тоа е природен процес кој нормално го прифаќам. Дај боже да остариме и да ги доживееме сите благодети на третото доба. Со бори на лицето, со седи влакна во косата, но со задоволство во душата, со деца и внуци околу нас. Дали има нешто повредно што може тоа да го замени?

Што пропушти овие години?

Татјана: Ништо особено немам пропуштено. Задоволна сум од се’ што ми се случило досега, а се надевам дека уште поголеми убавини ќе ми се случуваат и одсега.

Поради што е добро да се биде црнка од русокоса?

Татјана: Добро е да си црнка само за да не те навредуваат вицевите за русокоси. За ништо друго не е битно дали си црнка или русокоса, важно е што имаш под косата.

 

7

 

Што знае Тања да спреми за 10 минути?

Татјана: Салата со туна. Пржен зеленчук во вок. Суши со лосос (ако оризот претходно е сварен).

Најдобар афродизијак за тебе е?

Татјана: Чист воздух.

Велат дека без страсти животот не вреди. Во кои страсти Тања ужива во моментов?

Татјана: Во дружење со позитивни луѓе кои шират позитивна енергија околу мене.

Кој е твојот совет до понежниот пол за оние кои се одлучуваат да влезат во медиумите?

Татјана: Да бидат природни и одмерени. Гледачите не ги прифаќаат оние кои се наметнуваат агресивно.

 

8

 

Автор: Елена Стефановска

Извор: www.tocka.com.mk

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
12
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Соф...
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на ...
5
Спиење со градник - да или не?
Многу жени веруваат дека градите засекогаш ќе им останат цврсти, ако спијат со градник. Лекарите препорачуваат да не го ...
3
Масти и видови на масти
На етикетите на многу производи ќе прочитате дека се со “малку масти” или се “без масти”. Диетите со мала количина на ма...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?