|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Таленти кои ги поседува секоја мајка

Редакција Рингераја, 19.9.2016
Често мајчинството, со целиот сет од обврски и задачи, е прифатено како готов производ. Се разбира, жените не сакаат да им се восхитуваат за секоја сменета пелена, но сепак сакаат нивните напори да бидат забележани и оценувани
Клучни зборови:

image
/11


 

Замислете само што ќе биде ако мајките ги немаа овие таленти:


Да откриваат се

Мајките имаат способност да откриваат секакви предмети скриени на повеќето неочекувани места. Дали е маичка, која не е носена од 8 месеци или играчка која се расклопува на делови и секој дел се наоѓа на различно место во куќата, мама е таа која ќе открие сè и тоа за најкратко време.

 

Да запамети датуми

Мајките имаат вграден неверојатно точен и целосен календар кој ја надминува секоја апликација и аларм за потсетување, што може да го симнете смартфонот.

Тие го следат секој закажан термин кај матичниот лекар, секоја родителска средба, тренинг, претстава и роденден. Ги знаат роденденските датуми на секој член од фамилијата до далечните роднини и никогаш не забораваат годишнини.

База на податоци за информации во бројки

Освен дека паметат датуми, мајките се детален извор на информации во бројки. Тие го паметат точниот час на раѓање на своето дете, килограмите и височина, телефонскиот број на педијатарот, работното време на аптеки и продавници и уште еден куп други работи. Иако понекогаш ги мешаат имињата на своите деца, мајки секогаш го знаат точниот број на чевлите и големината на нивната облека во конкретниот момент.

Да запамети параметри на вкус

 
Едното дете јаде само бело месо и сака во десертот да има ореви, другото преферира крилца и не поднесува ореви. Мајките се оние кои се сеќаваат на параметрите за исхрана  на своите деца до најмала подробност - предизвик кој сепак тие секогаш го поминуваат.

Покрај тоа мајките имаат талент да подготват вечера од никаде. Дури и кога не купиле ништо, тие успеваат да зготват со она што им се наоѓа, дури и ако тоа се само еден домат, јајце и парче стар леб.


Мултитаскинг

Мајките умеат да жонглираат помеѓу куп задачи и го поставуваат мултитаскингот на сосема ново ниво.

Кој друг може да готви со дете во раце додека и помага по телефон на пријателка која е во криза?


Да е подготвена во движење


Секоја мајка е движечка стоковна куќа. Во нејзината торба или автомобил можат да бидат откриени секакви нешта - од ханзапласт и спајалици до шрафцигер и средство за дамки.

Секогаш да знае кога нешто не е во ред

Мајките имаат радар, кој со апсолутна точност може да ги утврди и најмалите промени во однесувањето на детето и да процени дали е навистина болно или се преправа, само по интонацијата на неговиот глас. Кога детето ќе се врати од училиште, веднаш можат да кажат каков ден имало само по начинот на кој ја затвора вратата. И никој не може да процени дали настанал проблем така, како што тоа го прави мама.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж...
“Кога ќе пораснам, ќе бидам маж”, рече гласно и насмевка го облеа твоето слатко лице. Јас те поскокоткав по стомакот, ко...
5
Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Маја Аргакијева photography: Јана & Ева
Галерија: Maja Argakijeva, Creative Baby & Child Photography
4
И зборовите знаат да болат - втор дел
Детето има исти потреби како возрасните: Да се чувствува сигурно, сакано, почитувано, вредно за љубов, прифатено, способ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?