|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тактики за будење по непреспаната ноќ

Редакција Рингераја, 9.8.2011
Овој текст им е наменет на најненаспаните суштества на планетата Земја – на новопечените мајки. Но советите можат да им послужат и на сите други кои немаат привилегија да отспијат колку што сакаат, а обврските ги чекаат...

image
/11


 

 

Просто да не знаете што е полошо – да ве разбуди алармот, а вие ненаспани, или да ве разбуди докажано најнепријатниот звук – бебешкиот плач. Така слатко би отспале уште малку, но морате да станете. Еве како најдобро да се разбудите:

 

При будењето:

  • Не скокајте нагло од креветот. Малку загрејте го телото и разбудете се, пред да му поставите некакви задачи. Растегањето на телото може да ви помогне.
  • Отворете го прозорецот и дишете. Свежиот воздух ќе ви ја разбистри главата.
  • Повлечете ги драперите за да влезат сончеви зраци.
  • Измијте се со ладна вода и намачкајте го лицето со крем.
  • Измијте ги забите поенергично.

 

Кафето ќе ве подигне, но имајте на ум дека кога ќе помине дејството на кофеинот, повторно ќе се чувствувате уморни. Може да ви помогне свежо цеден сок од цитрон.

Масирајте го темето – со раширени прсти масирајте го темето од работ на косата нагоре.

Туш – но не ладен, туку наизменично топло, млако, ладно. Ова ќе ви ја подигне циркулацијата, но водете сметка да почнете постепено, од десната нога и секогаш во правецот на срцето.

Дајте му на телото гориво! – Изедете нешто хранливо, со јагленохидрати што ќе ви даде доволно енергија за претстојниот ден. Добар избор е интегрален сендвич со свежо сирење и салата, мусли со млеко и јогурт, свежо и малку суво овошје.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Таблетите заменете ги со насмевка
Човечкиот мозок за време на смеењето во крвотокот излачува хормони кои дејствуваат на намалување на болката. Затоа се см...
4
Видео: Како бебињата бегаат на слобода?
Не постои препрека која не може да се совлада! Погледнете како бебињата бегаат на слобода
4
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?