|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тајните за (не) успешен брак

Убавина и Здравје, 14.12.2010
Статистиката вели дека секој петти брак во Македонија завршува со развод, а во 85 % од случаите причина се лошите финансии.

image
/11


Кои брачни проблеми најчесто доведуваат до развод?

Статистиката вели дека секој петти брак во Македонија завршува со развод, а во 85 % од случаите причина се лошите финансии. Проблемите што индиректно ги влошуваат партнерските односи се : неверство, алкохолизам, насилство, мешање на родителите во бракот, недоверба, инертност, нарушена комуникација и лош сексуален живот на партнерите. Секој проблем почнува со неостварена комуникација, а со самото тоа напредокот во некомуницирањето доведува кон продлабочување на проблемот. Комуникацијата со партнерот значи успешен брак.

Кои пристапи често се користат во решавање на проблемите, а не се функционални?

Самото одложување и криење на проблемот “под ќилим“ претставува нефункционално решавање на проблемот. Секое настојување за соочување со ситуацијата е подобро од нејзино негирање. Во секој случај, не смеете да се откажете. Неопходно е да поработите на подобрување на комуникацијата, бидејќи “ воспоставениот контакт“ е веќе почеток за решавање на проблемот. Комуникативноста е вештина и треба да се усовршува.

Кои особини на партнерот можат да се сметаат навистина некомплементарни, па тешко може да се очекува хармонија?

Брачниот проблем е нерешлив ако едниот или двајцата партнери се тврдоглави, безкомпромисни, нетолерантни, безкрупулозни и инертни. Секој брак зависи од менталниот и од емотивниот состав на мажот и на жената. Кога комуникацијата ќе стане толку лоша и ќе премине во нетрпение, тогаш е можно хармонијата да е невозможна. Во секој конфликт треба да се тргне од фактот дека никој не е совршен и дека за стабилен брак се потребни многу труд и толеранција. Но среќата некогаш може да ни го заврти грбот, па секој труд е залуден.

Кои женски “специфичности“ мажите не ги гледаат, а кои машки особини жените не ги земаат предвид?

Бидејќи работите се уште се поделени на “машки“ и на “женски“, се што прават жените, мажите не го земаат здраво за готово. Освен тоа, често забораваат да го пофалат женскиот труд и изглед. Од друга страна, жените забораваат дека мажите се големи деца, на кои е потребно да им се зададат мали домашни задачи за да се почувствуваат важни, а треба и да им дозволат да си  “играат“ со далечинскиот управувач.

Младите двојки од кои очекувања треба да се откажат за да може нивниот став кон бракот да се смета за реален?

Младите двојки често имаат илузии за совршен брак. Наметнатата идеализација поставува недостапни стандарди, кои практично се невозможни. За идеален брак се потребни совршен маж и совршена жена. Но бидејќи не постои човек без маани, бракот без проблеми е речиси невозможен. Иако сите настојуваме да се доближиме до некој поставен идеал, треба да сме свесни дека и нашиот партнер тежнее кон некој негов идеал. Ако сопружниците успеат да се најдат на половина пат, тоа е многу поголем успех, отколку само едниот да ја оствари целта.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
4
Како до секси очи на кои сите ќе Ви завиду...
Познатиот стручњак за шминкање Andrew Sotomayor дава видео упатство како да имате секси очи
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?