|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тајните диети на ангелите на Victoria`s Secret

Редакција Рингераја, 10.12.2014
Ангелите на Victoria's Secret се подготвуваат неколку месеци пред модниот настан. Погледнете кои се тајните за слабеење на ангелите на Victoria's Secret
Клучни зборови:

image
/11


 

Адриана Лима

Адриана Лима почнува напорна подготовка за шоуто еден месец порано. Од менито целосно го исклучува шеќерот, лебот и пастата. Не пие никаков алкохол. Адриана Лима признава дека откако наполнила 30 години, мора повеќе да внимава што јаде и да тренира понапорно. Еден месец пред ревијата тренира секој ден, наместо 3 пати неделно. Скока на јаже, оди секојдневно во теретана и неколку пати неделно тренира бокс. По секој тренинг пие  протеински шејк.


1

 

Алесандра Амбросио

Алесандра Амбросио исто така е ветеран во шоуто на Victoria's Secret. Алесандра започнува напорна подготовка за шоуто 2 месеци порано. Не го менува начинот на исхрана. Преферира избалансирано мени - јајца за појадок, а за вечера и ручек - салати и пилешко месо. Алесандра Амбросио тренира пилатес, јога и балет. Тие му даваат флексибилност и тонизација на нејзиното тело.

 

2

 

Лили Олдриџ

Лили Олдриџ е меѓу моделите кои се противници на диетите. Лили се одлучува за  здраво мени, дури и пред шоуто. Не гладува. Два месеци пред  церемонија Лили Олдриџ  јаде претежно месни протеини, овошје со низок гликемиски индекс и зеленчук. Недела пред шоуто целосно ја исклучува солта од менито. Пред шоуто тренира секој ден, а омилени и се пилатес вежби, јога и балет.

 

3

 

Даутцен Крус

Даутцен Крус се породи во јули и не можеме да одречеме дека успеала да влезе во форма. Топмоделот не држи  диета, бидејќи се уште дои. Единствено што исклучила од менито, се слатките работи, па дури и чоколадото. Нејзината супер фигура е резултат на секојдневните вежби од серијата Ballet Beautiful. Тие помагаат за опуштање, а истовремено и затегање на телото.

 

4

 

Бехати Принслу

Два месеци пред шоуто на Victoria's Secret Бехати Принслу ги запира сите јаглехидрати, храна со шеќер и сол, како и алкохолот. Дава акцент на протеините, зеленчукот и водата. Единственото искушение, на кое се оддава понекогаш, се чоколадото и желе бонбоните. Две недели пред шоуто го зголемува интензитетот на тренинзите, па тренира напорно барем еден  час секој ден. Бехати  Принслу сака да плива и да оди на јога.

 

4

 

Карли Клос

Карли Клос е обожавател на здравата исхрана. Таа избегнува да се храни надвор и голем дел од храната која ја јаде, ја приготвува сама. За шоуто на Victoria's Secret се подготвува со кардио вежби. Карли Клос ги прави истите вежби како за загревање, така и по тренингот.

 

5

 

Кендис Суанепул

Кендис ретко зборува за диетите. Топмоделот сака да ги споделува деталите околу режимот на  тренинзите. Таа исто така е меѓу ангелите кои тренираат бокс. Освен тоа, во нејзините тренинзи задолжителни се пилатес вежбите. Кендис е една од ретките топмодели кои ги избегнуваат кардио тренинзите.

 

6

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
8
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
5
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?