Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За нив зборовите добиваат смисла дури пред нивниот прв роденден, и некаде во ова време ги изговараат и првите зборови. Но, иако не користи зборовни форми, бебето е способно да ги искаже потребите и доживувањата што ги има. Ние само треба да имаме слух за она што не се изразува преку зборови.
Една теорија, актуелна во ненаучната јавност, е онаа развиена од страна на австралијката Pricilla Dunstan, познат мецосопран со фотографска меморија за звуци. Кога медицинската сестра и рекла дека не треба да се грижи поради постојаното плачење на нејзиниот новороден син, таа заклучила дека мора да постои подобар одговор. Користејќи ги својата дарба и мајчинската интуиција, почнала детално да ги следи звуците на своето бебе, и наскоро согледала во нив шема која подоцна се потврдила во набљудувањето на голем број други бебиња низ светот.
Dunstan тврди дека бебињата на возраст до 3 месеци користат одредени звуци за да ги изразат своите потреби. Тие не се случајни и настануваат како звук додаден на природниот инстинкт. Бебето ги создава во моментот кога чувствува одредена потреба, по што, ако потребата не биде задоволена, следува хистерично плачење. Наспроти досегашните тврдења, Dunstan смета дека тоа е почетокот на развојот на јазикот и дека тие звуци се универзални, заеднички за сите бебиња ширум светот.
Според нејзината теорија, постојат пет универзални „збора“ што ги користат бебињата, и тие се основата на она за што таа тврди дека е „јазик на бебињата“. Родителите треба и можат лесно да го научат тој „јазик“ без разлика од каде се, и тоа еднакво и мајките и татковците, па дури и негувателките. Таа развила и програма која ги оспособува родителите лесно да ги идентификуваат тие звуци, и систем на техники за соодветно смирување на детето.
ЈАЗИКОТ НА БЕБИЊАТА
Neh – Ми се јаде
Овој звук се создава кога бебињата се гладни и го активираат рефлексот на цицање со поставување на јазикот на горниот дел од устата.
Owh – Ми се спие
Бебињата го прават овој звук, што личи на звучно проѕевање, кога изразуваат замор.
Heh – Неудобно ми е
Овој звук се создава кога бебињата чувствуваат непријатност, кога се водени или кога нешто им ја иритира кожата.
Eairh – Имам гасови во стомачето
Овој звук се јавува кога стомакот е вознемирен или има воздушен меур што се движи низ дигестивниот систем и не може лесно да се ослободи.
Eh – Сакам да изригнам
Звукот се создава кога голем меур од воздух е заробен во градите на бебето и се обидува да излезе низ устата.
Искуствата на родителите што ја испробале оваа програма сведочат дека таа овозможува точно идентификување на потребите на бебето, кои потоа коректно се задоволуваат, па бебето помалку плаче, полесно се смирува и неговиот сон е многу поквалитетен. Бебето е позадоволно и посреќно. Кај родителите се намалува стресот, се зголемува самодовербата и чувството дека имаат контрола над ситуацијата и се доживуваат како поуспешни мајки и татковци.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?