|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тајната на невестинскиот фустан на Меган Маркл

Редакција Рингераја, 12.3.2018
Не спласнува интересот за Меган Маркл, жената која ќе биде официјална британска кралска снаа откако на 19 мај ќе се омажи со принцот Хари. Сега фокусот е на нејзиниот фустан. Чија креација ќе носи? Ќе има ли вел на главата? Ќе се влече ли фустанот...

image
/11


Ова се прашањата кои ги имаат обземено фановите на кралското семејство, делумно затоа што свадбите на познатите се забавни, а делумно и затоа што тоа е најважниот културен настан во 2018 година.

Постојат многу правила, кои британската кралско семејство треба да ги почитува во вакви прилики, особено во кројачката сфера. Безбојни чорапи, на пример, се бараат од кралицата. Ракавици, тип на чанти и капи се задолжителните додатоци во пропишани прилики. Но, кога ќе се дојде до кралскиот фустан започнува зоната на нови прописи, помалку за фустанот сам по себе и повеќе за тоа каде ќе се носи.

Меган и Хари ќе се венчаат во капелата Сент Џорџ во Виндсдор, каде роднината на Хари,  Петар Филипс, внук на кралицата се ожени  со Отом Филипс во мај 2008 година.

Имајќи ги предвид врвната безбедност и протоколот со фустанот на Отом, сега се прават и првите претпоставки за фустанот на Меган Маркл.

-Многу е важно за фустанот да соодветствува на местото и на приликата. Големите простори и драмата на замокот Виндсдор бараат фустанот да има доволно детали за да бидат видени од далечина, да биде пригоден за кралска венчавка, а во однос на новата снаа Меган Маркл да ја инкорпорира гламурозната холивудска страна на нејзината личност – велат познавачите.

Се чини дека последното прилагодување на фустанот на Меган ќе биде направено во замокот Виндсдор, што беше случај и со свадбата на Отом Филипс за да се биде проверено како фустанот се движи и дали здолништето ја има саканата форма. Што ќе се случи со фустанот на Меган по финалниот фитинг? Во случајот на Отом Филипс, фустанот бил чуван на кукла-манекен под клуч во приватните апартмани на замокот Виндсдор.

Создавањето кралски невестински фустан по традиција е обиколено со тајна. Само неколкумина ги знаат деталите од фустанот на кралските невести.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
5
Вежбајте според крвната група
Доколку ја знаете вашата крвна група, тогаш ќе ви откриеме кои вежби се идеални за вашето тело и како да научите да одрж...
3
Кој е Езел?
Интервју со Kenan Imirzalioglu од турската серија Езел
3
Најдобрата идеја за Велигден!
Направете уникатна Велигденска декорација
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?