|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Стресот и изолацијата на самохраните родители

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Тешко е да се определи што му е потешко на самохраниот родител: повреденоста и стравот поврзан со одгледувањето на детето или изолацијата.
Клучни зборови:

image
/11


Во секој случај, самохраните родители најчесто сами се соочуваат со своите стравови и маки. Понекогаш дури се чувствуваат издадени и од сопственото семејство и пријателите од кои очекувале најголема поддршка и помош. Самохраните родители често ја губат самодовербата, бидејќи не успеале да ја одржат врската и односот со партнерот, а слабата самодоверба потоа се пренесува и на нивната улога на родител. Кога кај нивното дете ќе се појави проблем, тогаш тие се обвинуваат себе си дека не се добри родители, како што не биле ниту добри партнери. Самохраните родители чувствуваат повеќе несигурност и страв во подигањето на своето дете, па настојуваат да ја пополнат празнината поради отсуството на едниот родител. Често самохраните мајки (помеѓу другото и поради притисокот од околината), чувствуваат дека тие треба на детето да му бидат “и мајка и татко.” Тие настојувања најчесто ги збунуваат децата кои повеќе немаат јасен модел за родителот со кој живеат, туку чудно однесување на мајка и татко во една личност, што дополнително го збунува. Изолацијата доведува до губење и на перспективата, бидејќи самохраните родители немаат обично никој кој би им понудил нови идеи и решенија. Дури и кога ќе започне да создава нови пријателства и поставува нови цели, самохраниот родител може да се почувствува растегнат меѓу своите потреби и потребите на своите деца. Чести се примерите на самохрани мајки, кои после рзвод се посветуваат исклучиво на своите деца, занемарувајќи ги своите потреби, купувајќи им дури и повеќе играчки, облека, чевли и кога тие не им се неопходни. Не поставуваат граници во воспитувањето, се им дозволуваат, настојувајќи на тој начин да им надоместат за отсуството на едниот родител. Но, на тој начин изолирајќи се, го зголемуваат своето незадоволство, не го насочуваат детето кон вистинските вредности што води до несоодветно родителство. На детето кое се му е дозволено, е запоставено дете, како и на она на кое се му е забрането. На децата им треба пример, граница, насочување.

Како да се справите со повреденоста и изолацијата?

  • Разговарајте со некој. Не срамете се да побарате помош од психолог ако ви е тешко. Да бидете силни, значи да побарате и прифатите помош тогаш кога ви е потребна.
  • Пронајдете група на самохрани родители. Важно е да разговарате за сопствената ситуација со некој кој поминал низ такво искуство. Воспоставете контакт со други самохрани родители од соседството, училиштето на детето...
  • Решете ја својата правна ситуација. Повеќето луѓе се чувствуваат толку лошо што не успеаваат да тргнат понатаму, се додека брачната ситуација правно не се реши.
  • Однапред договорете се со децата за награди и казни кои планирате да ги спроведувате со нив ( бидете сигурни дека сите членови од семејството знаат за вашите правила и ги почитуваат)
  • Одбегнувајте го физичкото казнување на вашите деца. Наместо тоа, користете логични решенија (на пр. давање или скратување на одредени привилегии, па така награда може да биде гледање на омилениот цртан, дополнителна коцка чоколада, а казна – нивното скратување. Така ќе бидете доследни и ефикасни во одгледување на своето дете.
  • Предвидете ја претходно вашата реакција за некоја вознемирувачка ситуација, и планирајте што би кажале или би направиле доколку вашиот поранешен партнер ненајавено дојде или пак со своето недоаѓање ги разочара децата. Обидете се да најдете одговор кој нема да ги вклучи децата во сцената и НЕ ТЕРАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА СЕ ОПРЕДЕЛАТ ЗА ЕДНА СТРАНА. Доколку вашите пријатели и семејството постојано ве критикуваат размислете што може да кажете за да ја прекинете темата на разговор во кој треба да се оправдувате.
  • Контролирајте ги сопствените реакции кон своите деца. Доколку сте многу лути на нив и имате желба да ги натепате или да им кажете нешто со што би ги повредиле: дишете длабоко, одвојте се во друга соба, повикајте пријател/ка, земете да читате некое списание, влезете да се туширате... Почекајте додека не воспоставите контрола над сопствените чувства пред да ја превземете контролата над ситуацијата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
4
Чај од мајчина душица – лек за болна менст...
Мајчината душица е растение кое го има речиси на сите балкански простори. Се собира од планинаските ливади се суши и од ...
4
Како изгледа телото на фитнес модел по пор...
Кога инструкторот по фитнес Алекса Џин Браун објави фотографија на Инстаграм оваа недела, само 4 недели по породувањето,...
4
Како да одгледате паметно дете?
Постојат голем број на работи кои можете да ги направите на почетокот на детскиот живот, за да му помогнете на неговиот ...
4




Анкета

Zensko imence
olesita

Koe ime e poubavo

Mona (18%)

Ena (40%)

Niedno (42%)


Број на сите гласови: 326

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!