|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Статус: Писмо до мајката која спие во игротеката!

Редакција Рингераја, 20.3.2014
Бев во игротеката во големиот трговски центар кога видов мајка која заспала на столчето. Можете ли да верувате? Дали требаше да повикам полиција? Што ако некој ги повредеше или киднапираше нејзините деца?!
Клучни зборови:

image
/11


 

Понекогаш е убаво да се потсетиме дека светот е претежно населен со добри луѓе, да се потсетиме дека кога имаме ужасен ден, ќе дојде добрата вила да ни помогне.

Обично работите не одат  така. Обично луѓето околу нас повеќе не осудуваат и критикуваат отколку што ни помагаат.  Прочитајте ја оваа приказна за да верувате во добрината на луѓето:

“Бев во игротеката во големиот трговски центар кога видов мајка која заспала на столчето. Можете ли да верувате? Дали требаше да повикам полиција? Што ако некој ги повредеше или киднапираше нејзините деца?! ”

Но Tara Jean  не го направила тоа кога забележала дека преморената мајка спие во игротеката Fun 4 Kidz. Помислила: “Овде е толку бучно, па јас се чудам како е воопшто можно таа да заспала – мора да е екстра преморена.”

Наместо да ја осуди, Tara Jean решила да и помогне. Додека мајката спиела, таа напишала отворено писмо на својата страница на Facebook:

“Драга преморена мајко, ти која спиеш во игротеката Fun 4 Kidz, внимавам на тебе. Твоето малечко девојче беше жедно, му дадов вода. Си ја удри главата спуштајќи се по големиот розев тобоган, а јас ја прегрнав. Помина повеќе од еден час откако спиеш и јас нема да си одам одавде додека не се разбудиш. Се надевам дека ќе се одмориш и дека ќе бидеш подготвена за викендот со енергија на воин, која на нас мајките ни е потребна за да ја исполниме својата мисија со насмевка на лицето.   Мама Tara Jean ”.

Можеби некој ќе помисли дека ова е премногу фалбаџиски, но добро е што оваа мајка го направила тоа. Ова не потсетува дека на светот не треба да бидеме само посматрачи. Оваа приказна не смее да се заборави и да биде поклопена со приказните од видот: “Види што се случи овде!” “Види ја онаа мајка!” “ООооо дали виде што направи онаа мајка?”... Ние добиваме толку многу информации преку интернет, што понекогаш забораваме дека луѓето се реални. Дека нивните приказни се реални. Оваа сирота жена била преморена. Дали би сочувствувале со нејзината мака или би ја исмеале?

Можеби вие нема да заспиете на вакво место, но сигурно го знаете чувството како е да се биде уморен. Но ако тоа ви се случи, сигурно би сакале некоја  Tara Jean да се најде блиску до вас и да внимава на вашите деца.

Не осудувајте ги другите мајки. Помогнете им!

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
19
Што прават родителите додека нивните деца ...
Авторот на духовити книги за родителство, тато Клинт Едвардс, искрено објасни што навистина прават родителите кога нивни...
5
Како изгледа туширањето кога имате бебе?
Во оваа комична ситуација се нашла секоја мајка, неколку пати
5
Мамичке и мене ме боли главата...
Главоболката не е резервирана само за возрасните. За жал, таа се јавува и кај децата помали од седум години
5




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?