|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот на раниот период од животот.

image
/11


 

ЗДРАВЈЕ И МОТОРЕН РАЗВОЈ

 

Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот на раниот период од животот. Растот и развојот кај децата е паралелен и комплементарен процес. Но, сепак,  растот се однесува на зголемување на тежината и висината, како и промена на големината на телото. Наспроти тоа, развојот се однесува на промените што настануваат во степенот на комплексноста во извршување на одредени функции и стекнување на одредени вештини, каде што постепено се оди од поедноставни до посложени промени во учењето и совладувањето нови вештини во движење на телото, во одржување на рамнотежата, во воспоставување контрола на делови од телото, како и зајакнување на сензомоторната координација.   

Иако моделите на промените што настануваат во текот на растењето, во принцип, се исти кај сите деца, степенот на промените се тие што покажуваат значајна индивидуална варијабилност. 

Клучните вредности коишто се очекуваат од децата на возраст од 0-6 години и се основа за дефинирање на стандардите за рано учење и развој во доменот Физичко здравје и моторен развој се:

  • Физичка компетентност и добра физичка кондиција, која обезбедува висок степен на подготвеност за одење во училиште и активно учество во процесот на учење;
  • Активно учество на децата во животната околина која ги опкружува;
  • Способност за примена на здрави и безбедни практики во секојдневните активности.

Доброто физичко здравје им дава на децата енергија и издржливост активно да учествуваат во процесот на учењето. Избалансиран моторен развој е поврзан и директно влијае и врз останатите развојни домени, како што е развојот на говорот, когнитивниот развој, социјалната компетенција и емоционалниот развој.(на пр. бебињата, кога учат да лазат или одат, ја зголемуваат својата можност да го истражуваат просторот, а со тоа го поттикнуваат и нивниот когнитивен  развој).

Начинот на  кој децата ја развиваат својата способност да седат, одат или да ги користат сетилата влијае врз тоа како го доживуваат просторот во кој се движат, како ја осознаваат околината или како ракуваат со моливот или четката за цртање.

Моторниот развој кај децата се одвива врз основа на три принципи:

  • Цефало-каудален принцип – контролата врз мускулите започнува од горните делови на телото кон долните (бебето прво започнува да ги контролира мускулите коишто ја одржуваат рамнотежата на главата, додека контролата на мускулите, кои учествуваат во одењето, се воспоставува најдоцна);
  • Проксимо-дистален принцип – контролата на мускулите започнува кај оние мускули кои се поблиску до централните порции на телото (контролата на мускулите коишто го вртат вратот и главата се воспоставува порано, во однос на мускулите со кои детето фаќа и собира одредени предмети);
  • Принцип на прогресивно усовршување на финиот и грубиот моторен развој, почнувајќи од поедноставни кон покомплексни движења.

 

 

Развојниот процес кај децата, во рамките на доменот „Физичко здравје и моторен развој“, се одвива преку следните субдомени:

 

I.              СУБДОМЕН - Груб моторен развој со кој децата се движат во просторот и воспоставуваат контрола на рамнотежата и координацијата на делови од телото при одење, трчање, скокање, качување по скали. Во овој субдомен се разгледуваат следните стандарди:

 

Стандард 1: Детето може да ја одржува рамнотежата на телото;

Стандард 2: Детето може  да ги контролира деловите од телото; 

Стандард 3: Детето може да се движи координирано, со цел; 

Стандард 4: Детето е свесно за своето тело во однос на постоење други подвижни и неподвижни објекти.

 

II.            СУБДОМЕН - Фин моторен развој со кој децата постепено стекнуваат вештини како да ги користат дланките и прстите во изведување на попрецизни моторни активности (фаќање, пишување, закопчување, отворање, затворање, сечење). Во овој субдомен се разгледуваат следните стандарди:

 

Стандард 1: Детето може да воспостави контрола на движењата на  дланките и прстите;

Стандард 2: Детето може да ракува со играчки и разни предмети за општа употреба.

 

III.           СУБДОМЕН - Здраво и безбедно однесување со кое децата започнуваат да разбираат како дневните активности и безбедните практики влијаат врз целокупното здравје. Во овој субдомен се разгледуваат следните стандарди:

 

Стандард 1: Детето презема активности поврзани со лична нега и хигиена; 

Стандард 2: Детето може да препознае штетни и опасни ситуации.

 

IV.          СУБДОМЕН - Сензомоторен развој со кој децата го запознаваат светот околу нив, при што клучен аспект на овој субдомен е воспоставување на координација очи-раце, преку следниот стандард:

 

Стандард 1: Детето може да ги користи своите сетила (вид, слух, допир, мирис, вкус) за  регулирање на движењ

ето.

 

 

 

Стандардите за рано учење и развој се изработени со техничка и финансиска поддршка на УНИЦЕФ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Период: Тато го сакам повеќе од мама?!
Заеднички феномен кај малите деца е да минуваат низ фаза, ориентирана кон татковците. Оваа фаза се случува обично околу ...
6
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?