|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

15 работи кои ги прави секоја среќна мајка

Редакција Рингераја, 30.4.2023
За да ја покажеме специјалната врска меѓу мајката и детето, направивме листа со работи кои веруваме секоја мајка со насмевка ќе признае дека ги направила барем еднаш:
Клучни зборови:

image
/11


 

И покрај  непроспиените ноќи  и тешкотиите при одгледување на едно дете, за секоја мајка тоа е непроценлив дар кој таа ги сака безусловно. За да ја покажеме специјалната врска меѓу мајката и детето, направивме листа со работи кои веруваме секоја мајка со насмевка ќе признае дека ги направила  барем еднаш:

Вдишување на мирисот на кожата на вашето бебе

Додека бебето е уште мало, секоја мајка чувствува неопходност, тоа да биде постојано во нејзините прегратки, а кога го вдишува мирисот на неговата кожа се чувствува опуштена и среќна.

Силно гушкање

Прегратките се природен начин да ги изразиме своите чувства, а што има поубаво од тоа да му покажеш на малото богатство колку го сакаш со една силна прегратка.

Бакнување - на образите, носот, вратот, рацете, нозете

Се на вашето мало детенце ви се чини совршено – стегнувањето на образите, бакнување на малите нозе и додека си играте сакате да го опсипувате со бакнежи.

Чекате со нетрпение да ја видите неговата насмевка навечер, откако цел ден сте биле на работа

Дури најлошиот ден се претвора во празник, кога ќе ја видите искрената насмевка и среќа во очите на вашето дете, кога ќе ве види дека си дојдовте дома.

Го гледате додека спие како ангелче

Мирен детски сон, лишен од грижи е отсликан на лицето на секое едно дете. Ова спокојство се пренесува и кај вас, штом го набљудувате

Ви се допаѓа да го чувствувате стегнато во себе

И да го топлите со вашата љубов.

Го гледате во очите додека доите

Така се чувствувате горда, мирна и задоволна.


Ви се допаѓа да се смеете заедно


Дури и без причина.

Среќни сте кога ги споделува со вас своите мали тајни

Иако за возрасните тие да се смешни и незначителни, за вашето дете, тајните кои ги чува се многу важни. Затоа неговата желба да ги сподели со вас е знак на доверба.

Ве фасцинира со својот секојдневен развој

Секоја мала промена во однесувањето или движењата на вашето дете ве изненадуваат и ве тераат да се гордеете.

Да дојде во вашиот кревет ноќе, барајќи заштита и нежност


Не само затоа што има кошмар или му е страв од темнината, туку едноставно затоа што сака да биде во вашата прегратка.

Секој пат ве изненадува со својот смешен начин да го сокрие лицето со рацете, верувајќи  дека никој не го гледа

Наивно детски, но толку мило за секоја мајка.

Го чекате со нетрпение времето за спиење и ритуалите кои го придружуваат - читање на приказни, разговори и бакнежи

Време специјално посветено на вас двајцата.

Да ја гледате неговата среќна насмевка, кога ги прави работите за првпат


Секое нешто што се прави за прв пат е исполнето со возбуда и нетрпение, како за родителите, така и за детето. А успехот е еден од најсреќните моменти во животот кои ниедна мајка не го заборава.

Се радувате како дете, когаќе  ви каже дека ве сака

Бидејќи тоа е највредното и специјално признание за вас.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што мислев за бебињата, пред да станам ма...
Тоа ќе биде лесно! Нема мајка која не помислила дека кога ќе дојде бебето, ќе знае и умее се. Но, тоа баш и не е така, з...
4
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?