|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Средување на домот од под до таван

Редакција Рингераја, 15.3.2011
Со првите сончеви зраци станува видлива и повеќемесечната нечистотија насобрана со текот на зимата. Будењето на пролетта повлекува потреба за темелно чистење на куќата – од под до таван

image
/11


 

За да не Ви се претвори пролетното чистење во ноќна мора следете ги нашите совети кои ќе Ви помогнат да ја исчистите куќата за “час”.

 

Перење на теписи

И за чистење на куќата постои ред. Прво треба да почнете од изнесување и тресење на теписите. Откако добро ќе ја истресете зимската прашина направете раствор од млака вода и средство кои сте го одбрале за перење. Со појака четка добро истријте ја целата површина на тепихот.

Совет плус: Ако тепихот го чистите дома немојте да ја чистите сапуницата за да не го натопите паркетот. Доколку имате двор искористете ја таа предност за да го исчистите тепихот од сите нечистотии.

Средства: Пронто за теписи или Вениш

 

Перење на завеси

Перете ги завесите во машина за перење алишта и користете го прашокот и омекнувачот кој вообичаено го користите. Независно од материјалот на завесите, температурата на перење не би смеела да биде повисока од 40 C.

Средства: Прашок за перење и омекнувач по желба

 

Чистење на прозорци

Прво исчистете ги рамките, па дури потоа стаклото. Ако рамките на прозорците се од пластика или алуминиум исчистете ги со абразивно средство (Циф или Арф), па избришете со влажна крпа. Ако рамките се дрвени користете само благо средство за прозорци за да не ја оштетите површината, па преминете на стаклото.

Средство: “Mer glass” со алкохол

 

Чистење на пајажина

Од сите агли исчистете ја пајажината и нечистотиите.

 

Бришење на уметнички слики

Рамките на сликите исто така можете да ги чистите со средство за чистење стакло, освен ако се работи за незастаклени графики или акварели. Во тој случај само со потполно сува крпа нежно поминете преку површината за да ја исчистите нечистотијата.

 

Туширање на цвеќињата

И цвеќињата нестрпливо го очекуваа пролетното чистење на домот. Ставете ги саксиите во када или туш кабина па со слаб млаз измијте ја прашината од листовите. Керамичките саксии избришете ги со влажна крпа.

 

Чистење на мебелот

За да не го оштетите мебелот или материјалот од кој е направена Вашата гарнитура за седење, исчистете ја со правосмукалка прашината од платнените делови на мебелот.

 

Чистење на подот

Со делот од правосмукалката кој е наменет за чистење по аглите, темелно исчистете ја сета нечистотија од подот. Ако имате домашни миленици исчистете на сите места каде можат да се соберат влакна.

 

Џогирање на подот

Во зависност од видот на подлогата која ја имате (паркет, ламинат, подна облога...) користете средство за перење подови. Направете раствор со вода, според упатството на произведувачот и со џогер исчистете го подот.

 

Чистење на кујната


Чистење на кујнските елементи

Кујнските елементи поместете ги во средината за да можете да ги исчистите сите места до кои инаку тешко допирате.

Чистење на шпоретот

- Загрејте ја рерната на 50 C, испрскајте ја со јако средство за чистење рерни и оставете ја да одстои 20 минути. Потоа пребришете ја површината со сунѓер и топла вода.

- Горниот дел од шпоретот исчистете го со абразивно средство по избор. Доколку тој дел е направен од инокс не користете Циф, туку обично средство за миење садови.

Средства: Средство за одмастување рерни и Циф

Чистење на подот во кујната:

Со помош на средство за чистење подови темелно исчистете го подот во кујната.

 

Чистење на бањата

Со поголема количина на Доместос добро натопете ја WC школката и оставете ја да отстои.  За тоа време исчистете ги елементите во бањата со средство соодветно на материјалот од кој се направени. Славините испрскајте ги со Ајакс средство против бигор, а за тоа време изрибајте ја кадата со абразивно средство. Ѕидните плочни исчистете ги со грубата страна од сунѓерот, па со туш исчистете ги од абразивното средство. На крај исчистете ги подните плочки.

Средства: Доместос, Ајакс, Циф

 

Редослед на чистење на просториите:

Доколку живеете во куќа на кат, или на две нивоа, со средување се почнува одозгора – од спалната, детската соба, бањата, па дури потоа се преминува на првиот кат.

Ако живеете во куќа или стан на едно ниво, придржувајте се на следниот редослед на чистење:

- дневна соба

- трпезарија

- кујна

- спална соба

- бања

 

Сега кога завршивте со пролетно чистење, домот мириса прекрасно, нели?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?