|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Совети за здрава бременост

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Побарајте што повеќе информации за прекрасните промени на вашето тело. Хранете се здраво и рамномерно...
Клучни зборови:

image
/11


Побарајте што повеќе информации за промените на вашето тело. Ве советуваме за бременоста и раѓањето да разговарате со својата мајка, другарките и други жени кои имале исто искуство. Може да го користите и форумот на нашите портали. Посетувајте училиште за родители, читајте книги, списанија, гледајте видео ленти за нормална бремености и раѓање на детето.

Хранете се здраво и рамномерно, а пред се внимавајте на прехрамбената пирамида. Конзумирајте што повеќе млеко или храна која може да го замени и во храната вклучете што повеќе белковини. Ако дневно не изедете неколку оброци овошје и зеленчук, се препорачува земање на фолни киселини кои во мали количини може да се пронајдат во житариците и во зелениот зеленчук.

Пијте многу вода и тоа до 3 литри дневно. Прочитајте статија за важните витамини во бременоста. Избегнувајте работи кои ви штетат вам и на вашето дете, како што се цигари, алкохол и дрога. Не земајте лекови, дури ни домашни, освен ако претходно не сте се договориле со гинекологот.

Останете активни! Продолжете со вежбање кое сте го практикувале и пред бременоста, но земајќи ги во предвид советите од својот гинеколог. Ако пред бременоста не сте се занимавале со никаков спорт или вежбање, размислете за пливање или барем за прошетки. Почнете со кратки вежби и полека продолжувајте ги.

Одмарајте. Слушајте го своето тело. Самото ќе ви каже кога ви треба краток одмор преку ден и колку спиење ви треба во текот на ноќта. Зборувајте со вашето бебе и уживајте во поврзаноста со него. Според најновите истражувања детето реагира на допири веќе во десеттата недела од бременоста, а потоа и на светлина, вашиот глас, музика и други звуци.

Пробајте да го намалите стресот на најмало можно ниво и користете техники за негово намалување, како што се полесно, длабоко дишење и опуштање на различни мускулни групи. Планирајте го раѓањето на детето. За поголемиот број на жени породувањето е нормален, природен и здрав настан. Пробајте да дознаете што е можно повеќе за породувањето и породолиштето кое сте го избрале. На натпревар за родители ќе дознаете многу за самото породување, а и вашиот партнер може на сето тоа да се подготви – се разбира ако има намера да присуствува на породувањето.

Уживајте во тој посебен период од вашиот живот! Во тој преубав преоден период може многу да ви помогнат вашиот партнер, вашето семејство и пријатели. Верувајте во способностите на вашето тело дека ќе го храни вашето дете и ќе го донесе на свет така како што жените го прават со векови.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
6
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
5
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?