|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Совети за среќен живот

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост и секојдневни обврски и нервози.
Клучни зборови:

image
/11


Децата кои растат во семејство исполнето со љубов и разбирање, се способни во иста мера да возвратат на возрасните. Малите деца треба да се учат дека во животот постојат тешки ситуации, но дека по нив, доаѓа друга, подобра и дека сите тешки моменти служат за јакнење и формирање на карактерот. Многу мајки се соочени со проблемот на воспитување на децата во денешното време, исполнето со напнатост и проблеми.

 На кои вредности на духот, умот и срцето треба да се инсистира и како да се развијат?

 Секако дека голем е бројот на карактеристики и особини кои му се потребни на човекот за да може да живее во денешниот свет, но постојат неколку најважни.

 Верувајте во себе

Самодоверба. Неа ја ставаме на прво место, затоа што само оние кои веруваат во себе и сопствените способности можат да се спротистават на сите предизвици и во иднина ќе можат да се соочат со тешките ситуации.

Дали родителите можат да придонесат децата да ја изгубат самодовербата?

На ова прашање долго време дебатирале стручни лица и сметаат дека кај детето треба да се откријат вродените особини и потоа постепено (никогаш не треба да се бара многу, ниту веднаш) да се насочува кон ситуации во кои на најдобар можен начин ќе успее да ги искаже. На пример, на татко кој бил врвен спортист, ќе му биде тешко да му помогне на синот кој повеќе сака шах од фудбал. Но, доколку сака кај неговото дете да се развие самодовербата, тој мора да му овозможи и да го поттикне уште повеќе да се занимава со она што го интересира. Ако биде успешно на тоа поле за кое покажало интерес и желба, ќе верува дека ќе успее и во други работи и нема да се плаши од нови предизвици. Ако еднаш заземе таков став кон животот ќе стане личност способна да се бори со секој проблем во иднина.

 Поттикнувајте го детското воодушевување

Воодушевување. Американскиот писател и филозоф Ралф Валдо Емерсон рекол дека ништо значајно нема да се реализира доколку не постои воодушевувањето. Кај децата не е проблемот која дарба да им се поттикне, туку таа да се сочува. А тоа не е ни малку лесно. Воодушевувањето е многу осетливо и многу брзо може да згасне поради неуспех, исмејување или критика. Понекогаш детските воодушевувања на возрасните им изгледаат смешни, но во никој случај не смеете тоа да им го покажете и да им се смеете на децата, бидејќи секое воодушевување во иднина би згаснало.

 

Сожалување. Обично децата се многу чувствителни на болка и туѓи солзи. Тоа најдобро го знаат родителите кои имале прилика да го смируваат своето дете поради смрт на некое куче или маче. Ако во куќата владее атмосфера на љубов, симпатии кон блиските и ако детето има прилика да види како неговите родители се жртвуваат за оние кои се помалку среќни, таа дарба во него уште повеќе ќе проникне.

 

 Проблеми поради недостаток на почитување

Почитување. Нашата цел е да поразговараме малку повеќе за нашиот начин на пристап кон животот и убедувањето дека некои вредности треба да се почитуваат и зачуваат. Ако малку подразмислиме, ќе видиме дека многу наши проблеми доаѓаат поради недостаток на такво убедување.

 Што претставуваат престапите, ако не недостаток на почитување на законот? Што е загадувањето на човековата средина, ако не недостаток на култура? Што е лошо изработена работа, ако не недостаток на почитување на квалитетот? Што е лагата, ако не недостаток на почитување на вистината? Може ли да се научи детето на овој тип на почитување?

 Јас мислам дека може, но не со илузии и лажни надежи. Почитувањето треба да се бара. Пред се верноста која е елементарен облик на почитување. Може да се почне од нешто многу поедноставно, како што е правилната делба на играчките и потребата тие да не се кршат, туку чуваат. Потоа може да се продолжи со фазата кога децата сакаат да им се раскажуваат приказни и низ нив во малите главички да се всади љубов кон особините како што се верност, чесност и храброст. Со всадување на љубов кон тие вредности ќе се продолжи и понатаму, а родителите ќе мора секогаш да служат за пример, се додека детето не изгради сопствен кодекс на однесување кој секогаш ќе му сугерира “Тоа да го направиш е правилно, бидејќи така постапуваат способните луѓе.” Тука почитувањето преминува во почитување на самиот себе!

 

Песимизмот е заразен

Надеж. Оваа способност е всушност онаа која на детето му е најпотребна. Се состои од големината да се надмине моменталната несреќа, да се помине тунелот, за да стигнеме до светлината, да се верува дека за секое прашање постои одговор, да се верува дека ниту една тешкотија не е премногу голема за да не може да биде надмината, да се верува дека за секој проблем има решение.

 Но, децата за да ја прифатат надежта, потребно е да ја почувствуваат кај нивните родители. Песимизмот, стравот и тагата се заразни душевни состојби. Ако во куќата владеат овие состојби, тешко да се сочува детскиот оптимизам. Но, ако му укажеме дека тешките моменти се тест со кои луѓето стануваат посилни и поцврсти, детето ќе научи својата несигурност да ја гледа со многу помалку страв.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да го промените разгаленото дете
Дали вашето дете е мало чудовиште? Ставете крај на бесот и барањата со овие наши совети.
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?