|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Совети за поздрав почеток на Новата година

Редакција Рингераја, 4.1.2022
Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо варење на храната, надуваност, стварање на гасови, киселини во желудникот, поспаност.

image
/11


Во текот на Новогодишните и Божиќните празници се организираат многу друштвени прослави и дружења со најблиските. Сите знаеме дека во средиштето на овие дружења е храната. Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо варење на храната, надуваност, стварање на гасови, киселини во желудникот, поспаност. За  разградување на јагленохидратите (на пример компирот) потребни се бази, а за разградување на белковините (месо, млечни производи) потребни се киселини. Со оглед на тоа што базите и киселините меѓусебно се неутрализираат, се оневозможува варењето на храната во дигестивниот систем.

Храната во желудникот останува најмалку 3 часа, пред да влезе во тенките црева. За тие 3 часа, доколку храната не се разгради во желудникот, таа се расипува. Неразградените белковини се распаѓаат, а неразградениот скроб ферментира. Сето ова доведува до лошо варење на храната, до надуваност, стварање на гасови, а се јавува како последица од лошо комбинирање на храната.

Што се однесува до овошјето, тоа се задржува во желудникот од 20 до 30 минути и, поради тоа, треба да се јаде на празен желудник, а најдобро е да се консумира свежо. Најдобро е овошјето да се јаде предпладне, бидејќи на тој начин тоа ни дава, а не ни зема енергија. Овошјето никогаш не треба да се јаде како десерт после главниот оброк, токму поради тоа што на него му треба малку време за да се разгради во желудникот.

Доколку овошјето се јаде по главниот оброк, тоа поради другата присутна храна во желудникот, нема да може да го напушти желудникот, па како послeдица на тоа ќе се јават болки во желудникот.

Правилно комбинирање на храната:    

    -   месо и зеленчук (но не компир),  

    -   ориз и зеленчук,  

    -   тестенини и зеленчук,  

    -   леб и зеленчук. 

 

   Неправилно комбинирање на храната:

    -   месо и компир,  

    -   риба и ориз,  

    -   пилешко месо и тестенини,   

    -   сирење и леб. 

 

Доколку се држите до овие неколку едноставни правила ќе се чувствувате посвежи, полни со енергија, варењето на храната ќе ви се подобри, а веројатно и ќе изгубите и некој вишок килограми. Меѓутоа, драстичните промени во нашата исхрана и култура на јадење, не се ни малку лесна задача.

Токму затоа, бидете спремни дека ќе Ви треба одредено време додека не се навикнете и прилагодите на промените кои ќе ги воведете во вашата исхрана. Сепак, имајте на ум дека Вие и Вашето семејство тргнувате на еден нов пат, пат кон здравје и задоволство, бидејќи здравиот начин на исхрана ќе влијае на вашето расположение, па промените кои ќе ги воведувате ќе бидат полесни и поедноставни. Промените може да ги правиме со мали чекори, кои ќе направат голема разлика во нашите животи и во животите на членовите од нашето семејство.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
11
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
6
Видео: Еден ден од животот на секоја мајка
Ни се допаѓа како во ова видео е прикажано колку многу обврски се вклопуваат во денот на една мајка. СИГУРНО ќе помислит...
5
Столица кај деца: што е нормално, а што не?
Оваа тема можеби не е толку привлечна, но некој треба да Ве информира и за она што се наоѓа во детските пелени. Тоа е че...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?