|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Соор - инфекција на усната празнина

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Инфекција на усната празнина или соор е многу честа појава кај бебињата.Неискусните родители промената на јазикот ја гледаат како остатоци од млеко во бебшката уста. Обично се губи за 7 до 10 дена и не се појавува дури до крајот на третиот месец.
Клучни зборови:

image
/11


Причината за оваа појава лежи во неотпорноста на слузницата и намалување на влажноста на усната празнина која има заштитна улога, а се регулира по третиот месец од животот на бебето. Неоходно е лекување, во спротивно може да доведе до намалување на апетитот и одбивање да цица. Причинител е габичната инфекција candida albicans која насекаде е распространета. 

Постои во два облика:

    - физиолошки, кој е нормален: живее во цревата  и учествува во процесот на  метаболизмот

    - патолошки:  за брзо време доведува до  инфекција. 

Бебињата најчесто се заразуваат при породувањето, за време на поминувањето низ породилните  патишта. Кандидата се пренесува и преку допир, па многу е важна хигиената  на рацете на мајката. Влажна, надразнета и претходно воспалена кожа од пеленски осип претставува погодно место за кандидата, што дополнително го влошува пеленскиот осип.  

Соор во суштина  лесно се лекува со локална употреба на одредени капки за 15 дена, доколку така одлучи педијатарот. Лекувањето е поуспешно доколку пред соодветниот лек наслагите се поминат со стерилна газа претходно натопена во превриена вода во која има растворено сода бикарбона.  

Доколку инфекцијата  се пренесе на брадавицата на мајката  додека го дои бебето, треба да нанесе антимикотик локално, по препорака  на доктор. 

Како во устата, така често се случува и воспаление на кожата, односно газето, а причинител е истата кандида. Појавата на пеленскиот осип се задржува и поради влажноста и топлината од пелените, како и привремена слабост на одбрамбениот механизам на бебето. Урината и столицата дополнително и помагаат на кандидата за нејзино одржување. 

Од подрачјето околу аналниот отвор, кандидата лесно се шири накај препоните, надворешните полови органи и газето така што предизвикува инфекција со воспаление и црвенило. Основна превенција е често менување на пелените, особено во првите месеци од животот. Често миење на газето, едно десетина минути да се остави бебето без пелена и на крај да се намачка газето со крема која штити од  влажност и развој на бактерии. 

Доколку бебето пие адаптирано млеко, шишето и цуцлите  да се вријат редовно. 

И секогаш мора да се обрати внимание на хигиената  на рацете. 

Фото: Близнаците на Енрике Иглесиас и Курн...
Неколку месеци тие ја прикриваа бременоста па и нивните семејства и пријатели биле изненадени кога дознале дека Енрике и...
11
Храна која е опасна за бебињата
Воведувањето на цврста храна е важен чекор во развојот на бебињата. Постојат производи кои можат потенцијално да предизв...
6
Еднаш буцко, засекогаш буцко?!
Во потрага по начин за борба против дебелината, научниците дошле до заклучок дека луѓето кои биле дебели како бебиња, им...
6
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Кое име е поубаво:
Antimona

Кое име е поубаво: