|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Соопштение: ДУКАТ ги повлекува сите млека!

Редакција Рингераја, 21.2.2013
Заради враќање на довербата кај потрошувачите во Македонија:ДУКАТ одлучи времено да ги повлече од продажба сите млека

image
/11


 

 

До Редакцијата на Рингераја стигна официјално соопштение од претставништвото на Дукат во Македонија:

 

Скопје, 20.02.2013 – Претставништвото на Дукат во Македонија самостојно донесе одлука времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд кои се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија потврди дека се безбедни и здравствено исправни.

Следната пратка од било кое од млеката на Дукат која ќе биде испорачана во продажната мрежа во Македонија, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, ќе помине и низ новиот паралелен систем за контрола на присуството на афлатоксин М1 во суровото млеко, што компанијата Дукат прва во регионот дополнително го воведува во сите свои производствени капацитети, иако според законската регулатива тоа не е обврска на млекарниците.

На таков начин, производите на Дукат од новата серија, која за краток временски период ќе биде испорачана на македонскиот пазар, ќе бидат првите и засега единствени двојно проверени и сигурни млека на пазарот.

Претставништвото на Дукат во земјава се одлучи на овој чекор со единствена цел да ја врати довербата кај потрошувачите во безбедноста и квалитетот на млеката на Дукат и воедно да ги увери потрошувачите дека нема причина да чувствуваат несигурност и страв при нивната консумација. 

Потенцираме дека временото повлекување од продажните места во Македонија ќе се однесува само за трајните млека на Дукат. Останатите млечни производи, меѓу кои јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите и другo, нема да бидат повлечени, со оглед на фактот дека тие веќе се потврдено проверени. 

Потсетуваме, изворот на проблемот е утврден во несоодветната сточна храна што се употребувала на некои фарми во регионот.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?