|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сончање во бременоста

Редакција Рингераја, 21.7.2011
Пред на го изложите своето преубаво трудно тело на сонце, прочитајте што (не) им се препорачува на идните мајки, кога е сончањето во прашање.

image
/11


 

Жештината и изложувањето на сонце, може да и наштети на трудницата, исто како и на сите други. А сигурно ќе се согласите дека ова не е баш најдобар период за било какви ризици. Како треба да се однесуваат идните мајки, кога е оваа тема во прашање?

 

Дали трудниците смеат да се сончаат?

Бременоста сама по себе подразбира и поинакво однесување во различни услови, а тоа се однесува и на кожата бидејќи во овој период се изменети и нејзините својства. Затоа е неопходно да ја заштитите на правилен начин од сонцето. Колку и да копнеете за сончана кожа, имајте на ум дека сончањето во бременоста не е препорачливо. Предолгото сончање или капење може да бидат опасни заради дехидрација на организмот. Трудницата би требало да избегнува директно изложување на сонце меѓу 9 и 17 часот,  а наместо тоа да избере место под сенка, бидејќи и таму може да добие убава боја. Сончањето, односно изложувањето на телото на сончеви зраци ја зголемува телесната температура, влијае на крвниот притисок и предизвикува цела низа на непожелни промени во организмот. Исто како и мајката и бебето ги трпи овие промени, заради што сончањето и престојот на отворено, во периодот кога сонцето е најјако, треба да се избегнува.

 

Како да се заштитите од штетното зрачење?

Трудниците кои престојуваат на отворено, или се принудени да се изложат на сонце околу пладне, треба да се заштитат од штетните ефекти на зрачењето. Препаратите за заштита од сонце спречуваат, поточно ја одложуваат појавата на изгоретини, како и сите други несакани ефекти кои не се гледаат и чувствуваат, но сепак и се случуваат на кожата. Во последните десетина години овие препарати се прават од супстанции кои имаат големи молекули бидејќи тие не можат да ја преминат природната бариера на кожата. Запирањето на штетното зрачење на површината, а не во внатрешноста на кожата се смета за најбезбеден начин на заштита.

 

Чадорот не е доволна заштита

Ладовината која ја прави чадорот не е доволна заштита, бидејќи штетните сончеви зраци поминуваат низ него и ја оштетуваат Вашата кожа. Сигурно Ви се случило да го поминете денот под чадор, а кожата сепак да Ви поцрвени. Дебелата сенка под дрво е најдобра варијанта за заштита, но и кремот за сончање е задолжителен.

 

Што да се користи за смирување на црвенилото и болките, кои се последица на изгорениците?

Голема заблуда е на изгорените места да се ставаат кремови и масла. Тие само ќе го спречат ладењето на изгорената кожа. Препаратите кои содржат екстракт од Aloe barbadensis (гелови и млека за тело) делуваат освежително на кожата која сте ја изложиле на сонце.

 

Со што да ја негувате кожата по сончање?

Препаратите за нега на кожа по сончањето треба да се користат секој ден по враќање од плажа. На тој начин се запираат несаканите процеси кои почнуваат од моментот кога ќе се апсорбира зрачењето. Доколку секојдневно се користат правилни заштитни препарати, или се избегнува изложувањето на сонце, кожата ќе го преброди првиот удар.

 

Бидејќи сте бремена, пожелно е што помалку време да престојувате на сонце.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
14
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
4
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
miana: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?