|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сонце, море, бременост

Редакција Рингераја, 19.7.2019
Заради промените во организмот, во текот на бременоста најдобро е да не се изложувате интензивно на директно сонце
Клучни зборови:

image
/11


Меланин во бременоста

Бременоста го менува хормонот меланин што предизвикува потемнување на кожата. Потемнувањето е најзабележливо на брадавиците, стомакот, а понекогаш и на лицето. Бидејќи некои од наведените промени на бојата на тенот можат да бидат трајни, најдобро е да не се изложувате директно на сонцеи да користите крем со висок заштитен фактор.

 

Плажа, сончање, капење

Лето е и веројатно се радувате што ќе одите на одмор. Но пред тоа да го направите, добро информирајте се.

Сигурно сте слушнале дека на бебињата им е жешко во материцата додека нивните мајки се излежуваат на сонце. Тоа не е вистина. На вашето бебе не му е жешко во стомакот, исто како што не се смрзнува кога надвор е ладно. Но жештината и сонцето можат да ви штетат вам. Но жештината може да ви штети вам.

Постојат работи на кои треба да обрнете внимание, а тоа се: предолго престојување на сонце и претоплување, изгореници и оштетување на кожата.

Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате добро:

-          Избегнувајте престој на сонце меѓу 11 и 16 часот

-          Ако сте на плажа немојте да леќите на сонце подолго од половина час. Најдобро е да се одморате под сенка.

-          Користете крем за заштита од сонце со висок фактор

-          Доколку почувствувате вртоглавица, мачнина или замор, одете во затворена просторија и ладовина.

-          Носете памучна облека

-          Задолжително носете шешир

-          Пијте доволно течности и секогаш имајте вода со себе

-          Доколку немате клима во автомобилот избегнувајте патување околу пладне

 

Пливањето е многу корисно. Ако имате уредна бременост и лекарот ви допуштил да пливате, тогаш нема никакви пречки за тоа. Внимавајте полека да влегувате во вода и полека да се навикнувате на нејзината температура. На нозе имајте обувки за во вода за да не се слизнете и да паднете.

Пливајте полека, со стил кој најмногу ви одговара, без нагли движења и замор. Многу е важно водата да е чиста. По излегувањето од вода, облечете сува облека.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Трудници, внимавајте на температурата на в...
Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...
8
Повеќе од 50 нијанси на бременоста
Како се менува плодот за време на бременоста и како се менува мајката надворешно и внатрешно
4
Кога и како можете да го дознаете полот на...
Откако тестот и докторот ќе ја потврдат бременоста, следното прашање ќе ви биде: „Кога е терминот за породување?“ Веднаш...
4
Големина на плодот во бременоста
Интересен опис на големината на плодот во бременоста - приближување на вредностите преку компарација со овошје и зеленчу...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?