|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Со еден допир до безгрижни семејни патувања

АМСМ - Авто Мото Сојуз на Македонија, 27.6.2013
Замислете: конечно тргнавте на долгопосакуваниот годишен одмор, патувате со солидно натоварен автомобил, надвор 40 степени целзиусови, жешок асфалт и две деца на задното седиште...

image
/11


 

 

Одненадеж, тап звук и возилото застанува. Ви се дупна гума или којзнае што откажа на Вашето, сеуште ново возило. Почнувате да паничите... Тоа што децата плачат, станува најмалиот проблем. Треба да повикате помош на пат, но незнаете број, па кога конечно ќе најдете број и треба да објасните каде се наоѓате, сфаќате дека всушност се наоѓате ... немате идеја каде! 

 

А што ако вашиот „паметен” телефон го знае бројот за помош на пат напамет и може да ја објасни точна местоположба наместо Вас?

 

Со помош на АМСМ мобилната апликација достапна за сите iOS и Android базирани телефони, која е достапна бесплатно на Google Play и App Store,  во секое време и било каде имате опција да повикате помош на пат, а локацијата на која се наоѓате ќе биде испратена согласно GPS позицијата на Вашиот телефон.

 

Начинот на кој мобилната апликација фунционира е многу едноставен, но еве неколку чекори кои треба да ги следите:

 

1.  Пред да направите било што, осигурајте ја Вашата и безбедноста на Вашето семејство, па ако го напуштате возилото облечете флуоросцентно елече и задолжително обележете го местото поставувајќи триаголник

2.  Вклучете ја апликацијата на Вашиот „паметен“ телефон, под претпоставка дека пред тргнување веќе истата бесплатно сте ја симнале

3.  Одберете ја опцијата „Помош на пат” и од менито одберете го видот на помошта која ви е потребна (за дупната гума, празен акумулатор, механички проблем, празен резервоар, сообраќајна незгода или друго)

4.  Ја одбирате опцијата „Прати СМС” (при што имате можност уште еднаш да ја проверите пораката пред да биде пратена) и вашето барање е испратено.

 

И сега останува само безгрижно да причекате, бидејќи тоа е сé! Службата за помош на пат ќе пристигне за момент. Едноставно, нели? А ако сте АМСМ член и поседувате некој од АМСМ членските пакети наменети за физички лица (Classic или Europe Premium), услугата помош на пат ќе ја добиете бесплатно.

 

Но, ова е само една од опциите на АМСМ мобилната апликација. Ако ова лето се подготвувате семејниот одмор да го поминете надвор од границите на нашата земја, во мобилната апликација ќе најдете детални информации за патување во над 30 европски земји, информации за максимална дозволена брзина, законска регулатива за користење на мобилен телефон и висината на казните, поважни телефони за земјата во која патувате: полиција, брза помош и сл., дозволено количество на алкохол, потребни документи за влез, задолжителна опрема и сл. Тука се и дневните информации за состојбата на патиштата, состојбата на граничните премини, калкулаторот за патна оддалеченост од една локација до друга и уште многу други корисни информации кои секое патување го прават безгрижно и безбедно за Вас и Вашето семејство.

 

Затоа уште веднаш преку вашиот мобилен телефон одете на AppStore (за iPhone и iPad) или на Google Play (за Android), на „Search” впишете „AMSM” и симнете ја бесплатно најновата верзија на апликацијата.

 

1

 

2

 

Ви посакуваме безгрижни семејни патувања.

 

Продолжува....

 

Извор: АМСМ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мојата ќерка не е мој проект!
Моето дете има три години. И има право да избере. Може самата да избере што сака да облече, да јаде, може дури и сама да...
4
Фроддо Советува
Околу 98% луѓе се раѓаат со здрави стaпала, а само 40% од нив имаат здрави стaпала кога ќе пораснат.
3
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Zensko ime?
Yummy Mammy



Jana (44%)

Tamara (27%)

Hana (29%)


Број на сите гласови: 170

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!